1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОБСЕ: изборите во Русија не ги исполнија меѓународните стандарди

8 декември 2003

Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ остро го критикуваше текот на претседателските избори во Русија: изборите не соодветствуваат на меѓународните правни стандарди, тие претставуваат чекор назад во демократскиот реформски процес во Русија - рече раководителот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Брус Џорџ на прес-конференција во Москва. Тој забележа дека партијата Обединета Русија била протежирана со прекумерното користење на државниот апарат и медиумите, со што пак биле запоставени другите кандидати. ОБСЕ имаше ангажирано 400 набљудувачи на изборите.

Меѓу нив беше и поранешниот претседател на Бундестагот Рита Зисмут. Таа го оцени како во голема мера фер самиот тек на изборите, а упати забелешки на предизборната кампања. "Она, што ние го забележавме во предизборната борба и што го објавивме во преодниот извештај за да можат да реагираат партиите како и централната изборна комисија, е дека не беа рамномерни шансите за пристап кон медиумите. Посебно во некои од нив најсилно беа застапени самата влада со Путин и партијата Обединета Русија". Во однос на тоа каков генерален заклучок може да се извлече за руското сфаќање на демократијата, Рита Зисмут во интервјуто за Дојче Веле рече: "Не треба да очекувате едека една демократија во развој преку ноќ ќе им одговара на сите западни стандарди. Она над што би морале да се замислиме е дали е демократијата на пат на натамошен напредок или е управувана демократија? Точно е второто. Но, и покрај се' би сакала да кажам дека доживеав многу граѓани кои станаа посамосвесни и на избирачките места се однесуваа како и граѓаните во другите демократии", ги пренесе Зисмут своите впечатоци. Претставникот за човекови права на германското Министерство за надворешни работи Клаудија Рот го повика рускот претседател Владимир Путин посилно да ги почитува човековите права. Парламентарните избори покажаа дека слободата на печатот и на мислењето мора да биде гарантирано во Русија, рече Рот, зашто токму однесувањето со електронските медиуми во изминатите месеци не било демократско. Покрај тоа, според Рот, руската влада се' повеќе гледа како на опасност на иницијативите на цивилното општество и силно ја ограничува нивната работа.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми