1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОБСЕ: избори според меѓународни стандарди

Горан Петрески 23 март 2009

Меѓународната мисија што ги набљудуваше изборите во Македонија оцени дека првиот круг претседателски и локални избори ги исполни повеќето меѓународни стандарди. Регистрирани се некои пропусти кои треба да бидат решени.

ОБСЕ; ОДИХР

Странските набљудувачи сметаат дека изборите во Македонија беа добро организирани и поминале без насилни инциденти, што оставија дамка на парламентарните избори минатата година. Денот на изборите беше мирен и процесот на гласање беше добро менаџиран, иако имаше процедурални нерегуларности и процесот на броење беше оценет како помалку позитивен. „Задоволна сум што гледам дека оваа земја направила бројни чекори на патот на демократијата и дека се врати на овој пат. Нерегуларностите и недостигот на доверба остануваат и тоа мора да биде решено, но, нема сомневање дека земјата направи натамошен напредок во одржување на избори според меѓународни стандарди,“ изјави потпретседателката на парламентарното собрание на ОБСЕ, Пиа Крисмас Милер.

Атмосфера на недоверба

ИзбориФотографија: AP

Властите и лидерите на политичките партии направија конкретни напори да обезбедат одржување на изборите во мирна атмосфера. На изборите им претходеше енергична и особено видлива кампања, со бројни кандидати и партии давајќи им вистински избор на гласачите. Сепак, набљудувачите во извештајот забележуваат дека атмосферата на недоверба продолжила до одредена мера. Ова беше демонстрирано со бројни вознемирувачки наводни обвинувања за изборни притисоци или заплашувања, особено кон службениците од јавниот сектор во текот на предизборниот период, стои во извештајот.

Постигнат напредок

„Властите и главните политички чинители научија позитивна лекција од парламентарните избори во јуни 2008 година. Безбедноста во текот на изборната кампања и на денот на изборите беше значително подобрена. Јасно е дека на овие претседателски избори е постигнат напредок во воспоставувањето на доверба на граѓаните.“ рече Мариета Д’пур Д’лумбен, шеф на делегацијата на парламентарното собрание на Советот на Европа.

Будно следење и на вториот круг

Го поздравуваме фактот што локалните избори беа спроведени во согласност со повеќето европски стандадрди, но, жалиме што локалните камапањи беа во сенка на претседателските избори. Ја охрабруваме владата да го земе в предвид одвојувањето на локалните и националните избори за да им се овозможи соодветна важност и локалните избори, е пораката на европските дипломати. „И покрај некои загрижувачки прашања, првиот круг претставува важен чекор напред. Ние ќе го следиме одблизу и текот на изборите во вториот круг.“ изјави Питер Ајкер шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми