1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОБСЕ/ОДИХР го следи гласањето со помал број набљудувачи

Костадин Делимитов13 април 2014

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР најавува дека ќе биде целосно екипирана за вториот круг претседателските избори на 27 април, кога ќе се одржат и предвремените парламентарни избори.

Фотографија: MIA

Мисија на ОБСЕ-ОДИХР го следи првиот изборен круг од претседателските избори со помал број набљудувачи. За разлика од претходните локални избори во 2013, овој пат нема т.н. краткотрајни набљудувачи. Мисијата, барем засега е составена од 10 статични тимови низ целата држава, единаесетмина членови на тимот на шефот на мисијата и 21 набљудувач од Советот на Европа:

„Сите се искусни набљудувачи коишто ќе можат да ни ја претстават сликата за тоа што се случува на денот на изборите, но не толку системататски и како да кажам, недоволно поткрепено со целосни статистички податоци“, вели шефот на мисијата на ОБСЕ-ОДИХР, изјави амбасадорот Герт Аренс

.Тимот што го предводи Аренс го следи изборниот процес во Македонија од 10 март паралелно со имплементацијата на изборниот законик, кампањата и случувањата со списокот на бирачи.

„Го набљудувавме предизборието, колку можеме го набљудување и денот на изборите а утре официјално ќе го кажеме нашето мислење за изборите, односно ќе имаме прелиминарен став, бидејќи изборниот процес продолжува и натаму“, вели Аренс.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР која инаку е најбројна од странските набљудувачи на претседателските избори најавува дека ќе биде целосно екипирана за вториот круг од претседателските избори на 27 април, кога ќе се одржат и предвремените парламентарни избори. Првичните оценки за првиот круг претседателски избори ОБСЕ/ОДИХР ќе ги објави утре на прес конференција во Скопје.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми