1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОБСЕ се жали на „хаотични околности“ во Украина

АТ/ ард20 јули 2014

Во Источна Украина експертите на ОБСЕ се обидуваат да ги истражат остатоците од паднатиот авион на компанијата „Малезија ерлајнс“. Притоа и натаму има проблеми. Германија бара да се испита улогата на Русија.

Фотографија: Reuters

На местото каде што се падна авионот во Источна Украина и натаму владеат хаотични околности. Тешко вооружени и делумно маскирани сепаратисти ја попречуваат работата на мисијата на ОБСЕ на местото на несреќата источно од Доњецк, соопшти нивниот портпарол Мајкл Бочуркив за СиЕнЕн.

Постои сомнение дека проруските бунтовници го собориле авионот на „Малезија еирлајнс“ изминатиот четврток од висина од 10.000 метри со земја-воздух ракети. „Проблемот е што местото не е заградено, како што е вообичаено. Секој може да влезе и по можност да манипулира со доказен материјал“, критикуваше Бочуркив.

Освен тоа нема вистински партнер за комуникација од страна на бунтовниците. Тоа ја отежнува потрагата по двете црни кутии на боингот. Нејасно е каде се наоѓаат апаратите. „Никој неможе да одговори. Тоа е многу, многу голема загатка“, вели портпаролот на ОБСЕ.

Позадината на катастрофата и натаму е неразјаснета. Според зборовите на германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамјер истрагата треба да даде одговор на прашањето, дали сили од Русија директно учествувале во соборувањето на авионот. „Сторителите и нивните организатори не смеат да избегаат“, рече Штајнмајер за весникот „Билд ам зонтаг“. Според него била неопходна меѓународна истрага, која би ги отстранила сите сомневања.

САД се сомневаат во прорускити бунтовници

САД се сомневаат дека проруските бунтовници го застрелале авионот со ракета и притоа биле поддржувани од војници од Русија. Амбасадорката на САД во ОН, Саматна Пауер вели: „Неможеме да исклучиме дека руски персонал помогнал во управувањето со овие системи“, изјави таа на една вонредна седница на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

Руското раководство отфрла секаква одговорност и ги критикуваше извештаите за наводното соборување на авионот, како преуранети. На овој начин очигледно се сакало да се изврши влијание врз истражителите, соопшти Министерството за надворешни работи во Москва.

Идентификацијата сѐ уште не е завршена

При падот на авионот загинаа сите 283 патници и 15 членови на екипажот. Авиокомпанијата „Малезија еирланјнс“ во меѓувреме ја објави листата со имињата на жртвите. Повеќе од 100 лица сѐ уште не се пронајдени. Досега се идентификувани 186 загинати, соопшти државната украинска спасувачка служба. Потрагата по другите загинати е отежната оти остатоците на авионот се распрскани на околу 25 квадратни километри.

Денеска на местото на несреќата треба да отпатува група од малезиски и холандски експерти. Во пронаоѓањето и идентификацијата на жртвите учествуваат и германски експерти.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми