1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Објавата на ЕТА-победа на демократијата

21 октомври 2011

Шпанскиот премиер Хозе Луис Сапатеро ја оцени како „победа на демократијата“ објавата на баскиската организација ЕТА дека дефинитивно ја запира вооружената борба за независност на Баскија.

ETA verkündet Ende des bewaffneten Kampfes
Маскираните припадници на ЕТА најавија прекин на вооружената борбаФотографија: dapd

Според шпанскиот премиер Хозе Луис Сапатеро, објавата на ЕТА има капитално значење. Претходно, милитантната баскиска организација прогласи дефинитивен крај на своите вооружени активности. „Организацијата упатува повик до владите на Шпанија и Франција за директен дијалог за надминување на последиците од конфликтот и да се стави крај на вооружениот судир“, се наведува во Декларацијата на ЕТА, објавена на интернет страницата на шпанскиот весник на баскиски јазик „Гара“. Според ЕТА, меѓународната конференција за шпанскиот регион Баскија, што заврши пред два дена, претставува иницијатива од големо политичко значење, бидејќи одлуките донесени на неа целосно ги обединуваат елементите потребни за надминување на конфликот, кои се поддржани од баскиското општество и меѓународната заедница.

Автор: ЕМФ/бета/миа

Редактор: Ж. Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми