1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Овде не остана ништо германско“

Даниел Хајнрих/БГ6 септември 2016

Бад Годесберг порано беше дипломатски кварт во Бон. Денес повеќето жители се Арапи, а низ улиците шетаат покриени жени во традиционална облека. Многу мештани тука повеќе не се чувствуваат дома.

Фотографија: picture-alliance/U. Baumgarten

Сабине Галушка ги познава сите тука. 57-годишната, на главната улица во центарот на Бад Годесберг, има цвеќарница. Разговорите со нејзините муштерии често ги надминува границите на бизнисот. Актуелната дебата околу забраната на бурката во Германија? Таа воздивнува: „Не ми се допаѓа тоа што сите тука шетаат покриени. Ние не излегуваме покриение на улица“. Галушка е загрижена: „Би сакала да знам што се крие зад превезот“.
Не се сите жени во Бад Годесберг покриени. Доколку прошетате низ центарот, жешкиот ден нуди многу контрасти. Од една страна млади девојки во „жешки панталони“ и маички, од друга страна, жени со превези. Забележливи се и неколку жени со никаб, кој го прекрива целото тело и остава само мал отворен простор околу очите. Жени со бурка- која комплетно покрива сѐ, не забележавме.

Не знам со кого се поздравувам

Една минувачка натоварена со торби не е шокирана. „Знаете не можам ништо лошо да кажам за арапските жени. Повеќето се фини кон мене, некои и ме поздравуваат. Но жалам што не можам да видам кој е зад превезот“. Жената се воздржува. Внимава да не и се испушти нешто што не треба. „Сето ова покривање, тоа очигледно е дел од нивната култура, сигурно не го прават тоа за да не налутат нас“. Не сака да ни се претстави, ниту да се фотографира. „Кога некој ќе дојде во друга земја треба да се прилагоди на традицијата во таа земја, или нека оди на друго место“, ни вели на крајот.
Многу случајни минувачи во Бад Годесберг не сакаат јавно да зборуваат за теми како „забрана на бурката“ или „бегалците“. Повеќето стравуваат дека ќе бидат сместени меѓу десничарите.
Обидот, да поразговараме и со арапските дуќанџии не успеа. Повеќето велат „не сакаме проблеми“. Како невозможен се покажа и обидот да поразговараме со некоја од покриените жени или со нејзиниот придружник. Повеќето ја ставаат раката пред очите штом ќе го видат микрофонот.

Недела во Бад ГодесбергФотографија: picture-alliance/U. Baumgarten
Сабине Гаушка (десно) е загрижена поради новите традицииФотографија: DW/D. Heinrich

Предрасуди насекаде

Назад во цвеќарата на фрау Галушка наоѓаме уште еден муштерија кој сака да зборува. Симоне Лаван, 50-годишна го шета својот пес. Не сака да се фотографира, но вели дека ја смета забраната на бурката за излишна, тоа е само гребење по површината. Вистинските проблеми се на друго место: „Од арапските мажи секојдневно доживувам предрасуди против жените. Кога и да поминете покрај некое арапско кафуле кон жените гледаат со предрасуди“. Лаван не се плаши од тоа, но „тоа ме прави тажна, во сопствената земја да ве третираат така“.

Натпис во супермаркет во Бад ГодесбергФотографија: DW/D. Heinrich

Далеку повеќе од политичките дебати впечатокот го гради промената која се забележува на улиците. Неодамна затвори последната традиционална германска гостилница во населбата. „Насекаде имате само шиша-барови, а во воздухот се чувствува засладениот мирис“. Лаван сега звучи и по малку очајно. „Тука веќе нема многу германско, или италијанско. Насекаде имате натписи на арапски“.
„Насекаде“, „сѐ“. Како и кај покривањето, генерализациите сѐ сеприсутни. Но, враќајќи се назад фрламе поглед и на локалната филијала на голем синџир супермаркети. И забележуваме: понудата, покрај на германски и англиски, е запишана и на арапски.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми