1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Огнен оркан во Грција

27 август 2007

Голем број Грци се сомневаат дека пожарите во земјата се подметнати од бескрупулозни шпекуланти кои на тој начин се обидуваат да стигнат до градежно земјиште. Сличен е ставот и на германските коментатори:

Satelliten-Bild der Waldbrände in Griechenland
Фотографија: picture alliance/dpa

Весникот “Минхенер Меркур“ пишува:

“Можеби земјата конечно ќе се разбуди и против подметнувачите на пожарите ќе преземе брутални чекори, на што критичарите на конзервативната влада досега безуспешно укажуваа. Палењето драгоцени шуми со цел да се стигне до градежно земјиште, предолго важеше за кавалерски деликт. Доколку се докаже дека катастрофалниот менаџмент со кризата е соодговорен за огнениот оркан, падот на владата би бил последниот чин во оваа трагедија. Зашто, грчките избирачи не се помалку расположени за одмазда од старогрчките богови.“

“Тагесцајтунг“ оценува:

“Префрлајќи ја вината единствено на криминалните огнени ѓаволи, премиерот Караманлис премногу лесно ја сфаќа ситуацијата. Прво, тој со тоа сака да го сврти вниманието од неуспехот на неговата влада кога станува збор за превенција од пожари. Второ, тој избегнува да одговори на прашањето зошто државата сторила толку малку во борбата против палење шуми со цел да се добие градежно земјиште. Ако шпекулантите сеуште можат да се надеваат дека изгорените површини порано или подоцна ќе станат плацеви за изградба, тогаш за тоа соодговорност пред се носат државните и општинските власти во Грција.“

Според оценката на весникот “Ханделсблат“ пожарите се основен проблем на средоземноморските земји:

“Против сушата, силниот ветар и подметнувачите на пожари овие денови е немоќна и најдобрата противпожарна служба. Сепак, не станува збор само за надмоќната судбина на која се изложени беспомошно погодените земји. Тоа што се случува денеска е делумно последица на многу одделни погрешни развои на ситуации кои многу влади ги игнорираа или дури и поддржуваа. Станува збор за изменети структури на населување, за бескрупулозна градба на бреговите, за уништување на шумите и нивно потиснување за да се дојде до градежно земјиште.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми