1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Огромен недостиг на занаетчии во Германија

ЕМФ / дв
1 октомври 2018

Во Германија има сѐ помалку занаетчии. Фирмите се доведени во ситуација да одбиваат договори со клиенти поради недостиг на работници. Здружението на занаетчии бара да се олабават прописите за вработување бегалци.

Deutschland Schwarzarbeit in Hamburg
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Nietfeld

Многу занаетчиски фирми со месеци однапред го имаат пополнето распоредот со задачи и договори кои мора да се реализираат и се во очајна потрага по работници. „Во моментов имаме толку многу договори за работа, што мораме дури и да одбиваме нови договори, затоа што едноставно немаме доволно стручњаци за сето тоа да се заврши“, објаснува централното Здружение на германското занаетчиство (ЗДХ).Клиентите често мораат да чекаат со недели, „Полесно е да се добие термин кај лекар специјалист, отколку кај водоинсталатер“, вели Клаус Михелсен, експерт за конјунктура во Германскиот институт за економски истражувања (ДИВ).

#DE_facto: Германија бара еден милион работници

02:27

This browser does not support the video element.

Речиси половина од фирмите имаат тешкотии да најдат персонал. Бројот на пријавени непополнети работни места, според податоците на Здружението на занаетчии, изнесува околу 150.000, но се претпоставува дека тој е веројатно уште повисок.

Повеќе: Се бара работна сила - германската влада најави нов закон за доселување

Освен тоа, секоја година недостигаат и по 15 до 20 илјади ученици кои би се образувале низ работа. Причината за тоа, според ЗДХ, е што се намалува бројот на деца кои сакаат да се образуваат низ работа, а се зголемува бројот на оние кои сакаат да студираат. Затоа, како што се потенцира, е неопходна промена на свеста: „Образованието низ работа мора повторно да биде соодветно ценето во нашето општество“, порачува ЗДФ.

Повеќе: „Ќе ни биде мило да вработиме повеќе странци“

Клиентите се сѐ понезадоволни, пред сѐ поради долгото време на чекање за да се завршат договорите склучени со занаетчиите, но и поради сѐ повисоките цени за услугите. Бројот на занаетчии е намален, па тие што работат „можат да си ги одбираат договорите со клиентите и да бараат повеќе пари за услугата“, вели Михелсен од ДИВ.

Бегалец од Пакистан на обука во фирма за алати во КемницФотографија: picture alliance/dpa/J. Woitas

Затоа, Здружението на занаетчии бара да се овозможат подобри перпективи за престој за бегалците кои се на обука. Со оглед на недостигот од стручна работна сила, „целосно е несфатливо“ што интегрирани млади луѓе се испраќаат назад дома и потоа мора да се бараат работници на други места“, изјави претседателот на ЗДХ, Ханс Петер Волсајфер. Оној кој во Германија завршил обука и е волен да се интегрира, тој треба да смее да остане, бара Волсајфер, додавајќи дека за таа цел мора да се најде законско преодно решение.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми