1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Огромна руска пропаганда во американските избори

ЕМФ / дв
31 октомври 2017

Колку Русија навистина се мешала во американската кампања за изборите преку Фејсбук, Твитер и компанија? Според проценките, многу повеќе отколку што досега се сметаше.

Facebook Logo Lupe
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Burgi

Фејсбук-постовите од Русија за влијание врз американската политика се многу побројни отколку што досега се мислеше, соопшти оваа социјална мрежа. Во периодот од јуни 2015 година до август 2017 година постирани се околу 80.000 вакви содржини од страна на осомничената трол-фабрика Internet Research Agency од Санкт Петербург, стои во изјавата на Фејсбук доставена до американскиот Конгрес.

Овие постови од делумно фалсификувани кориснички профили стигнале до 126 милиони корисници, односно околу половината од американските граѓани со право на глас. Фејсбук во северна Америка, според најновите податоци, има 236 милиони активни корисници месечно. За Доналд Трамп на претседателските избори гласаа вкупно 63 милиони Американци. Она што е сигурно е дека содржините како рекламирани постови стигнале до 11,4 милиони корисници. Новите проценки сега треба да покажат колку од таквите содржини потоа биле споделувани од самите корисници. Најголемиот дел од постовите, според изјавата на Фејсбук, целат на поделба на општеството и поттикнуваат социјални и политички тензии. На пример, во нив се критикува за дискриминација на Афроамериканците, но се шири и страв од муслимански доселеници.

Во оваа зграда во Санкт Петербург наводно се наоѓа руска трол-фабрикаФотографија: DW/W.Izotow

Твитер, според инсајдерски податоци, пронашол 2752 дубиозни профили од Русија. Тоа, исто така, е многу повеќе отколку што досега се мислеше. Првично се зборуваше за само околу 200 профили. Профилите, кои исто така водат до Internet Research Agency, се блокирани и пријавени на американските власти. Експертите проценуваат дека Internet Research Agency вработува стотици тролови кои со фалсификувани профили постираат коментари на социјалните мрежи.

Американските тајни служби го истражуваат руското влијание

Претставници на Фејсбук, Твитер и Гугл неделава во комисиите на Конгресот би требало да се изјаснат околу сомневањата за мешање на Русија со ширење погрешни информации во американската претседателска кампања во 2016 година.

Американскуите тајни служби дојдоа до заклучок дека руската влада наредила вршење влијание во предизборната кампања во полза на Трамп. Хакерите, како што се вели, барале и објавувале непријатни имејл-пораки од кампот на противкандитатктата на Трамп, Хилари Клинтон. Освен тоа, наводно по налог на Русија, на социјалните мрежи се ширела анти-Клинтон пропаганда. Русија ги отфрла ваквите обвинувања. Трамп соопшти дека немало соработка меѓу неговиот изборен тим и владата во Москва. Сето ова е предмет на истрага на неколку групи американски иследници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми