1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Одбивањето на Штајнмаер е погрешен потег на Киев

Розалија Романиец
13 април 2022

Германскиот претседател сакаше да искаже солидарност и да отпатува во Киев, но од Украина пристигна сигнал дека неговата посета е непожелна. Тоа е разбирлива, но и погрешна одлука, смета Розалија Романиец.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер во Полска
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер во ПолскаФотографија: Jens Büttner/dpa/picture alliance

Кога Франк-Валтер Штајнмајер во вторникот отпатува во Варшава, јавноста сѐ уште не знаеше за уште едно патување кое требаше да се одвива во заднина на оваа посета и во строга тајност. Полскиот претседател Дуда веќе неколку дена работеше на заедничко патување на највисоко ниво: петмина претседатели требаа заедно да отпатуваат во посета на украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Да одеше сѐ според планот, оваа група сега требаше да биде на пат. Но, одеднаш случувањата во Варшава почнаа да пристигаат едно по друго.

Кога Штајнмајер на конференцијата за новинари со Дуда изненадувачки ги избегнуваше прашањата, стана јасно дека нешто не е во ред. Неколку минути подоцна, експлодираше бомбата - најголемиот германски таблоид Билд излезе со ударна вест насловена „Зеленски ја одби посетата на сојузниот претседател Штајнмајер на Украина!“. Набрзо потоа, пред камерите се појави германскиот претседател.

Непожелен во Киев

Неговиот колега и пријател, полскиот претседател Анджеј Дуда, предложи двајцата, заедно со претседателите на балтичките држави, да отпатуваат во Киев и оттаму да „испратат силен сигнал на солидарност со Украина“, наведе Штајнмајер во кусата изјава. „Бев подговен на тоа, но очигледно - и да забележам - тоа не беше пожелно во Киев“, додаде тој.

На германскиот претседател можеше да се забележи дека е лично погоден. Токму тој, кој со години многу интензивно се занимава со Украина, сега мора да се запраша како дојде до тоа да пропаднат неговите напори.

Розалија Романиец, авторка на коментаротФотографија: Ronka Oberhammer/DW

За причините за откажување на посетата немало објаснување, но затоа во меѓувреме се појавија доволно шпекулации. Колку и да се сите тие причини оправдани, тие не можат да го одврат мислењето за тоа колку откажувањето е погрешно.

Фрустрацијата е лош советник

Да, краткорочно тоа може да послужи како вентил за фрустрација и за очај на Киев поради Германија, а особено за улогата на Штајнмајер. Претседателот со години негуваше блиски односи со Москва и не го сфати доволно сериозно предупредувањето на руската закана за источна Европа, а особено за Украина. Штајнмајер ги поддржа гасоводите Северен тек и како министер за надворешни работи во владата на Ангела Меркел во 2008 година беше вклучен во донесувањето на германското вето за членство на Украина во НАТО. Листата фрустрации на Киев е долга и оправдана. Штајнмајер неодамна и самиот ги призна грешките. Очигледно овој политичар малку ги разликувал намерите и ефектот. Ако тоа така се набљудува, никој не би требало да се чуди тоа што се заборава приврзаноста на Германија со Укрина, како и огромните финансиски средства издвоени за време на годините.

Повеќе: Канцеларот Шолц вети натамошна помош: „Украина може да се потпре на нас“

Да, германските политичари се однесуваа наивно и арогантно. На некои им е потребна и нова ера во надворешната политика - повеќе разбирање за Исток, а помалку за Русија. Па сепак, Штајнмајер не може да се обвини за лоши намери.

За жал, сега фрустрацијата од минатото потенцираше нови грешки: блокирање на санкции, неиспорака на оружје, како и отсуство на патување на канцеларот Шолц во Киев, што требаше да се случи одамна. А, ако Шолц не сака да дојде и да помогне, зошто Зеленски во воената зона би требало да го прими репрезентативниот шеф на државата од Германија? Јасно е оти на претседателот на земјата која се бори за опстанок му се попотребни одлуки, а не симболични гестови. Јасно е и дека тој не сака улога на статист. Сите овие размислувања се некако разбирливи.

Првите украински бегалци пристигнаа во Германија

02:47

This browser does not support the video element.

Фатални последици

Сепак, отфрлањето на Штајнмаер е кратковидно, политички деструктивно и, во поглед на иднината, крајно несериозно. Ако постапувате затоа што сте во право, тоа не значи дека ја правите вистинската работа. Прогласувајќи го Штајнмаер за непожелен, украинската влада ја промаши целта, бидејќи урива мостови. Германскиот канцелар сега дефинитивно нема да патува во Киев. Тоа не му го дозволува почитувањето на највисоката функција во сопствената земја. Затоа своевидниот „утрински мамурлак“ во Украина би можел да биде голем –  и тука ништо не менува тоа што другите четворица претседатели доаѓаат во посета. Тоа само ги нагласува пукнатините во Европа кои никому не му се потребни.

Остриот став на Зеленски ги става на коцка големите симпатии на Германија кон Украина. И германската влада има потреба од нив, ако сака да остане силна и стабилна на внатрешен план и да продолжи да помага во иднина. Поделената Германија никому не му е од помош.

Или можеби е? Тука е уште некој кому сето ова неочекувано му оди од рака. Станува збор за деспотот од Русија, на чија пропагандна машинерија секој ден ѝ треба нов материјал. За жал, овој пат му го испорача Зеленски.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми