1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

“Одбројување за Косово”

26 октомври 2007

Независност на Косово е можеби решена работа,но опасна идеја, предупредуваат дел од денешните германски весници.

Фотографија: picture-alliance / dpa/dpaweb

Во написот под наслов “Одбројување за Косово” весникот “Зидојче цајтунг” од Минхен пишува дека информацијата која неколку дена кружи во германските медиуми дека Косово во декември ќе стане држава, од една страна е точна, но од друга страна е опасна:

”И преговарачката Тројка постојано да даваше нови идеи и модели, на сите им е јасно дека сувереноста не може да се дели на парчиња. Најголемиот проблем во целата работа е сигналот за отцепување кој се испраќа во светот. Што ќе им каже шпанската влада на Баскијците или кипарската на Турците ако се обидат да го копираат моделот на Косово. И може ли да се случи Велика Британија да го признае Косово, а Германија не? Јасно е, САД ќе го признаат Косово, но може ли Европа да дозволи поделба во своите редови за косовското прашање? Секако дека не може, како што ниту евентуална поделба не би можела да ја спречи земја како Русија. До признавање на Косово ќе дојде во декември и тука нема алтернатива. Посредникот на ЕУ, Волфганг Ишингер за да го намали ризикот и неконтролираната реакција на Србија и Русија ќе мора повторно да оди во мисија. Брисел нема да мора да носи формална одлука за тоа, бидејќи таа е одамна донесена”, коментира “Зидојче Цајтунг”.

“Белградски прагматичар”

Ова е насловот во денешен “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг” кој пишува за српскиот вицепремиер Божидар Џелиќ кој дојде во Берлин да ги убеди овдешните политичари во аргументите на Србија за решавање на косовското прашање:

“Џелиќ е вистинска спротивност на патријархалниот традионалист,премиерот Воислав Коштуница. Вицепремиерот кој е член на Демократската партија, на претседателот Тадиќ, со својата прагматичност внесува сосема поинаков тон во српската политика. Во јавноста, тој мора да го застапува владиниот курс, според кој Косово мора да остане во рамките на Србија. Но, Џелиќ кој студирал во Америка и Франција и во 90-те работел како советник за руската, романската и полската влада, прагматично гледа на работите. Минатата недела на состанокот на Парискиот клуб изјави дека Србија од 2001 до 2006 година исплатила 312 милиони долари од косовскиот долг, без да оствари приходи од данок од Косово. На покраината и останува да врати уште една милијарда и двесте милиони долари долг, па Џелиќ предложи Косово да си ги преземе и финансиските обврски со решавањето на статусот”, објаснува “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг”.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми