Колумбија и натаму е најголемиот производител на кокаин во светот пред Перу и Боливија, пишува во најновиот извештај на ОН. Изненадувачки се стапките на раст во однос на претходната година.
Реклама
Површините за одгледување на кока во јужноамериканската земја достигнале рекордно ниво. Ова го соопшти на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрогата и криминалот (УНОДЦ). Според неа, површините на кои се одгледува кока во Колумбија во 2017 година пораснале за 17 отсто на 2170 квадратни километри односно 171.000 хектари. Ова одговара на потенцијалната берба на кока во лисја, од која може да се добие речиси 1400 тони кокаин. Станува збор за зголемување од 31 насто во споредба со претходната година, стои во извештајот објавен во главниот град на Колумбија, Богота.
Пазарната вредност на ова количество на дрога во Колумбија изнесува 2,7 милијарди долари (2,3 милијарди евра). Главната област за одгледување на кока останува југозападна провинција Нарињо на границата со Еквадор. Нарко-бандите и групи на отпадници на поранешната герилска организација ФАРК се борат за контрола на регионот. Колумбиските безбедносни сили во 2017 година заплениле вкупно 435 тони кокаин.
Најголема заплена на дрога во историјата на Колумбија
00:56
Вториот најголем производител на кокаин во светот, според извештајот на ОН, е Перу со површина од 43.900 хектари, по што следува Боливија со 24.500 хектари. Најважниот пазар за кокаин е САД.
Дрога од германска „кујна“
Многу од она што денес се призведува во илегални лаборатории на дрога всушност е откритие на германски хемичари. Некои од наркотиците потекнуваат уште од времето на Хитлер.
Напад на германските - зависници
Уште при нападите врз Полска во 1939. и врз Франција во 1940. год. Хитлеровите генерали им испраќале дрога на војниците во борба. Во нападот врз Франција на борците им биле поделени 35 милиони таблети Первитин - синтетичка дрога метамфетамин, нарекувани и „чоколадо за тенкисти“ или „таблетите од Геринг“. Сепак, треба да се каже дека и сојузниците на своите војници им испраќале слични таблети.
Фотографија: picture-alliance/dpa-Bildarchiv
Буден, без чувство на страв и глад
Волшебното средство на германскиот Вермахт во почетокот го открил еден Јапонец, во течна состојба. Хемичарите на берлинската фабрика Темлер натамошно го развиле и го патентирале во 1937. година. Една година подоцна, можело да се купи како средство против умор, глад, страв, под друго име: кристал - мет.
И лично - најголем потрошувач?
Историчарите уште спорат дали и Адолф Хитлер бил зависник од Первитин. Во личните документи за пациентот, водени од Хитлеровиот лекар Морел, многу често е запишан знакот „Х“. Што значи таа забелешка, не е јасно до денес. Сепак, недвојбено се знае дека Хитлер добивал многу силни лекови кои денес би завлегувале далеку во сферата на наркотички средства.
Истражувачкиот дух на германските научници е забележан многу порано: „Веќе нема кашлање благодарение на - хероинот!“ Тоа е рекламна порака на концернот Бајер за неговиот нов производ, кој одлично се продавал. Медикаментот хероин, навистина чист хероин, се препорачувал и за астма, шизофренија и срцеви болести. Дури и за деца! Сепак, со предупредување од несакано дејство - затвор (опстипација)!
Креативни хемичари
Феликс Хофман го слават првенствено поради откритието на аспиринот. Неговото второ откритие - хероинот - му успеало попатно, додека експериментирал со оцетна киселина. За разлика од аспиринот, хемичарот киселината ја поврзувал со морфин, исушен афион. Неговиот производ во Германија всушност е забранет дури во 1971. година. До 1957. година можел да се купи во секоја подобро снабдена аптека.
Кокаин за офталмолози
Концернот Мерк од Дармштата од 1862. година наголемо произведувал кокаин и го продавал како локален анестетик за очните лекари. Тоj е резултат на експериментите на Алберт Ниман со листови на кока од Јужна Америка. Хемичарот издвоил посебен алкалоид кого го нарекол кокаин. Ниман умрел набрзо по своето откритие - додуша, од болест на белите дробови.
Фотографија: Merck Corporate History
„Еуфоричен и полн елан“
И лекарот - невролог Зигмунд Фројд лично, во име на науката, испробувал кокаин. Во своте „Белешки за кокаинот“ Фројд овој препарат го опишува како „безопасен“. „Се чувствувате“, пишува тој, „еуфорично, полни сте со животна сила и со работен елан“. Неговото одушевување попуштило откако од дрога умрел негов пријател. Средството во негово време се препишувало и против главоболки и стомачни болки.
Фотографија: Hans Casparius/Hulton Archive/Getty Images
Екстази од времето на валцерите на Штраус
Американскиот хемичар Александер Шулгин се смета за пронаоѓач на „дрогата за забави“ - екстази. Но, тоа е нешто што очигледно уште во 1912. година го откриле во германската фабрика Мерк. Тие тогаш поднесле барање за патентирање за безбојното масло наречено 3,4 -метилендиокси - Н -метиамфетамин или накратко, МДМА. Ова откритие германската фабрика го прогласила за „комерцијално неисплатливо“.
Фотографија: picture-alliance/epa/Barbara Walton
Злосторства
Откритијата на германските хемичари, секако без зла намера, денес не се нешто вредно за гордеење. Според студијата на ОН, само во текот на 2013. година во светот умреле околу 190.000 луѓе поради консумирање илегални наркотици. Слаба утеха е што дрогите не се на прво место- од алкохол таа година умреле дури 3,3 милиони луѓе.