1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Одземен пратеничкиот имунитет на избеганиот Груевски

ЖА / агенции
27 ноември 2018

Во отсуство на пратениците од ВМРО ДПМНЕ, Собранието на седница со 62 гласа му го одзеде имунитетот на пратеникот Никола Груевски.

Mazedonien Nikola Gruevski Ex-Premierminister
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Собранието без дискусија изгласа одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот премиер, постапувајќи по барањето на Кривичниот суд, кој бара притвор за Никола Груевски. На седницата на присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО ДПМНЕ, а пратеникот Панчо Минов од ГРОМ, кој беше присутен во салата, не гласаше на седницата.

Ниту еден од пратениците не гласаше „воздржано“ и „против“. Поканет на седницата бил претседателот Ѓорге Иванов, кој не се појави. Пратениците гласаа за шест барања за притвор кои стигнале од Кривичниот суд до Собранието. За одземањето имунитет беа потребни најмалку 61 глас ,,за”.

Пред седницата на Парламентот, собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на денешна седница со мнозинство гласови од присутните пратеници му предложи на Собранието да му го одземе имунитетот на избеганиот пратеник Никола Груевски за шест судски предмети стигнати од Кривичниот суд, во кои за него е побаран притвор. Станува збор за предметите „Титаник“, „ТНТ“, „Траекторија“, „Насилство во Општина Центар“, во кои Груевски е обвинет и за уште две истраги во кои е осомничен.

Повеќе:

Бегството на Груевски тешко изводливо без логистиката на Орбан

Груевски наводно го немало на снимките за излез од Македонија

Груевски градел слика дека се подготвува за затвор

Претходно, пратениците се обидоа да му го одземат и пратеничкиот мандат на експремиерот Никола Груевски, но не успеаја да обезбедат двотретинско мнозинство.

По бегството на Груевски, претседателот на Собранието во координација со пратеничките групи одлучи по шест месеци неоправдано отсуство да се обидат уште еднаш да му го одземат мандатот. Дотогаш Груевски ќе зема намалена пратеничка плата.

Никола Груевски избега во Унгарија откако требаше да се пријави во затвор на одлежување на двегодишна затворска казна во предметот на СЈО „Тенк“ и за експресно брзо време доби азил од тамошните власти.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми