„Одличен“ разговор на Обама и Трамп во Белата Куќа
СН/ агенции
11 ноември 2016
Актуелниот претседател на САД го прими во Овалната канцеларија во Белата Куќа својот новоизбран наследник. Пред нив стојат уште многу разговори пред промената на власта за два месеца
Реклама
По неговата изненадувачка победа на претседателските избори во САД, републиканецот Доналд Трамп беше примен на разговор во Белата Куќа од актуелниот претседател Барак Обама. По разговорот Обама и Трамп ја уверија јавноста во САД дека ќе сторат се за мирна транзиција на власта во САД. „Мој приоритет во наредните месеци е да се погрижам за тоа, новоизбраниот претседател да биде успешен“, рече Обама и обраќајќи му се на Трамп додаде: „Ако Вие сте успешни, и земјата ќе биде успешна“.
Обама по средбата која траеше 90 минути оцени дека разговорите бил “одлични”.
“Без оглед на партијата или политичката ориентација, мислам дека сега е важно да се обединиме и соработуваме”, изјави Обама. Идниот потстанар во Белата Куќа,Трамп пред новинарите истакна дека има голема почит за Обама и оти со “нетрпение очекува да соработува со демократскиот претседател и да ги слушне неговите совети”.
„Навистина зборувавме за многу аспкети, некои пријатни, некои тешки”, рече Трамп. Тој официјално кој ќе го Барак Обама на функцијата претседател на САД на 20. јануари наредната година.
Трамп на средба со Обама во Белата Куќа
01:25
И додека Барак и Доналд зборуваа за политика во Овалната канцеларија, во Белата Куќа се запознаа актуелната и идната Прва дама на САД , Мишел Обама и Меланија Трамп .
Трамп: популист, могул, претседател
Тој е градежен претприемач, бестселер-автор, ТВ-ѕвезда, а сега и 45-ти претседател на САД. Во Трамп многумина гледаа комична фигура, но тој сега се вселува во Белата куќа.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Семејството, империјата
Во кругот на најмилите: Доналд Трамп со сопругата Меланија, ќерките Иванка и Тифани, неговите синови Ерик и Доналд јуниор, како и внуците Кај и Доналд јуниор III. Трите деца работат како заменици во „Империјата Трамп“.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Неговиот татко: Фредерик јуниор
Почетниот капитал за своите бизниси Трамп го добил од својот татко Фредерик. Тој на почеток му подарил еден милион долари, а по смртта во 1999 на Доналд и неговите три останати деца им оставил во наследство имот од 400 милиони долари.
Фотографија: imago/ZUMA Press
Милијарди заработени со помош на марката Трамп
Трамп инвестира агресивно, постојано доживува неуспеси, но долгорочно има успешен биланс, на пример со Кулата Трамп во Њујорк. Својот имот Трамп денес го проценува на десет милијарди долари. Експертите сметаат дека пореална е третина од оваа сума.
Фотографија: Getty Images/D. Angerer
„Многу добар, многу паметен“
Тао го вели Трамп самиот за себе, додавајќи дека студирал на елитниот универзитет Вортон во Филаделфија, каде се стекнал со бечелор-диплома во 1968. година.
Претходно неговиот татко го испратил 13-годишниот Доналд во воен интернат во Корнвол за да учи диспциплина. На крајот на школувањето се стекнал дури и со офицерски чин.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/
Со коскен шилец избегнат ангажман во Виетнам
Трамп меѓутоа успеал да избегне учество во војната во Виетнам. Спортскиот млад човек бил прогласен за неспособен за војска поради коскен шилец во петицата.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo
Првата сопруга: Ивана
Во 1977 година Трамп се ожени со чешката манекенка Ивана Зелничкова. Три деца се родени во бракот кој постојано беше во сенка на гласините за различни афери.
Фотографија: Getty Images/AFP/Swerzey
Семејство број два
Во 1990 година Трамп се разведе од Ивана и се ожени со својата втора сопруга, 17 години помладата Марла. Заедничката ќерка се вика Тифани.
Трамп не се покажуваше радо во јавноста само со својата жена, туку милуваше да се фотографира опкружен со „мисици“ од различни избори на убавици. Од 1996 до 2015 година тој беше главниот спонзор на изборот за Мис универзум во САД.
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Lemm
Како се прават пари
Како брзо да се заработат милиони? Книгата на Трамп „Начинот на склучување зделки“ дава упатства, таа е делумно автобиографска, делумно советник за амбициозни бизнисмени. Ова дело на Трамп не само што стана бестселер, туку и го стави авторот во фокусот на вниманието на јавноста.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Schwalm
Трамп во политиката
Трамп настапуваше во свое ТВ-шоу, се појавуваше пред камери, но со политика не се занимаваше. Но, на 16 јуни 2015 година најави учество во трката за избор на републикански претседателски кандидат. Неговиот слоган е „Да ја направиме Америка повторно голема“. Кампањата ја водеше со настапи со семејството и со навреди кон доселениците, муслиманите, жените и своите конкуренти.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Lane
Функција со достоинство
Дали популистот и шоумен сега ќе се претвори во предводник на слободниот свет?Многумина тоа не можат да си го замислат. Но, животниот пат на Доналд Трамп покажува: овој човек располага со преобразувачка способност на камелеон.