1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одложена ескалација

Катарина Крол
19 јуни 2018

Ангела Меркел доби уште малку време. Владата нема да се распадне, барем засега не. Спорот за бегалците во суштина не е решен и затоа канцеларката се соочува со „невозможна мисија“, смета Катарина Крол.

Deutschland Wahlkampf 2017 CDU & CSU in Bayern
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Hoppe

Сега Европската унија треба да ја спасува Ангела Меркел, иако и таа самата е поделена. Затоа, она за што Меркел се фаќа- е повеќе кревка сламка отколку цврсто јаже. Канцеларката сега мора европските партнери да ги обврзе на заедничка бегалска политика. Тоа го сака ЦСУ, а ако тоа не го стори, министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер германските граници ќе ги затвори за голема група мигранти. Тоа е уцена. Но канцеларката мор да реагира.

Христијанско-социјалната унија на Зехофер за волја на вистината ѝ даде на Меркел уште малку време, но инаку се покажа максимално тврда и бескомпромисна. ЦСУ инстистира на тоа Германија да ги затвори границите за бегалците, кои веќе се регистрирани во други земји членки на ЕУ. Тоа ќе се погрижи за релаксирање на ситуацијата во Германија. Но со тоа проблемот само би се префрлил врз други држави и ЕУ би се нашла во ситуација во која е сега Германија: во тешка политичка криза. Така гласи ставот на Ангела Меркел.

На Меркел ѝ остануваат неполни две недели

Ангела Меркел веќе три години се обидува прашањето на бегалците да го реши на ниво на ЕУ- без резултат. Сега има само уште неполни две недели. Малку веројатно е дека ќе успее во оваа мисија, но таа нема избор. За Ангела Меркел од тоа зависи сѐ: нејзините политички убедувања, нејзиното политичко наследство и нејзината канцеларска функција. Сега не е е во прашање само Германија, туку и единството на Европа.

Катарина Крол, авторка на коментаротФотографија: K. Kroll

Повеќе: 

-Меркел „купи“ рок од уште две недели за азилот

-Пресметка со системот Меркел: Последни денови на царицата?

-Меркел под притисок на конзервативците

Судбината на Ангела Меркел сега е во рацете на другите европски влади- и тоа токму на Грција, Италија и Австрија. Со  овие држави таа сака да склопи билатерални договори за да ги примаат назад барателите на азил, кои се веќе регистрирани во тие земји, а кои сепак дошле во Германија.

Хајка во јавноста

ЦСУ со својот ултиматум покрена хајка против канцеларката. Сето се случува јавно. Тоа е нечуено и покажува колку Меркел е немоќна дури и во сопствениот политички табор, а исто така и колку е нарушен односот меѓу нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и сестринската ЦСУ.  Силна канцеларка не би дозволила тоа да се случи.

Ангела Меркел на прес-конференцијата се обиде да создаде поинаков впечаток, кога рече дека по 1 јули нема да има никаков автоматизам, дека најнапред треба да се сочекаат резултатите од самитот на ЕУ и оти таа како канцеларка има овластување да го одредува курсот на владата.

Од друга страна, Хорст Зехофер, осврнувајќи се на самитот на ЕУ истакна: На канцеларката ѝ посакуваме многу успех во тоа“. Тој исто така јасно стави до знаење дека има апсолутна поддршка од својата партија и оти ќе ги затвори границите онака како што планира- доколку Ангела Меркел не успее во Брисел. Значи Баварија не се смири и заканата дека ќе дојде до раскол меѓу ЦДУ и ЦСУ, а со тоа и во сојузната влада, и натаму постои. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми