1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одлуката на Хорст Келер за предвремени избори во Германија, терористичките напади во Лондон

22 јули 2005

Одлуката на германскиот претседател Хорст Келер за распуштање на сојзуниот парламент Бундестагот и распишување предвремени избори на 18 Септември секако е централна тема на коментари во германските весници. Добар дел е посветен и на нападите во Лондон, две недели по крвавите во кои загинаа 56 лица.

Весникот „ Хандеслблат„ во коментарот за вчерашните напади во Лондон забележува:

„Репризата на нападите за така краток период всушност е напад врз отпорот на британците и западот. Тоа е демонстрација на сила со која терористите сакаа да покажат дека од нив е невозможно да се заштити. Но, меѓурелигискиот и меѓукултурниот дијалог мора да продолжи. Бебзедносната мрежа мора да стане подеднакво глобална како и мрежата на тероризмот. Граѓаните мора да бидат свесни дека борбата ќе трае уште многу долго„ закључува „ Ханделсблат„

„ Меркише Алгемајне Цајтунг„ на истата тема пишува:

„ Мораме да научиме да живееме со таа опасност. Таа, барем во Лондон е дел од секојдневието. Но притоа една работа никако не смее да се случи: не смееме да почнеме да водиме живот полн со недоверба, не смееме на секој турист со ранец на грб и секој муслиман да гледаме како мможен терорист. Само отворено општество е силно и потребно е да се задржи толеранцијата. Во поинаков случај, фанатиците ќе го добијат токму она што го сакаат. Мораме да научиме да го поднесуваме тероризмот, да го издржиме, а притоа да не ги отфрлиме нашите сопствени вредности„ пишува „ Меркише Алгемајне„

Најголемо внимание во германските весници привлече одлуката на сојузниот претседател Хорст Келер за распуштање на Бундестагот, сојузниот парламент и распишување предвремени парламентарни избори на 18 Септември.

Весникот „ Аугсбургер Алгемајне Цајтунг„ вака ја коментира одлуката на Келер:

„ Сојузниот претседател донесе паметна одлука, втемелена врз длабоко размислување. Се разбира, гласањето доверба на канцеларот Герхард Шредер имаше карактер на фарса. Тој не ја доби довербата, но истовремено доби потврда дека и натаму му се верува. Тоа не беше во духот на Уставот. Во новонастанатата ситуација новите избори се единствениот пат од оваа владина криза. Добро е што Хорст Келер сега му го дава зборот на народот„ пишува „ Аугсбургер Алгемајне„

„ Брауншвајгер Цајтунг„ на истата тема коментира:

„ Келер, својата одлука можеше да ја соопшти со часови порано, наместо по временската прогноза. Резултатот од испитувањето веќе одамна е познат, прилагодувањето на законите на медиумската демократија беше одвишно. Веројатно некои од гледачите вчера помислија, се надеваме дека канцеларот сега е дома и дека го вклучил телевизорот. Целата постапка така доби еден непријатен вкус„ пишува во коментарот за одлуката на сојузниот претседател Келер за предвремени избори весникот „ Брауншвајгер Цајтунг„

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми