Одлука за статусот на Косово до крајот на годинава
18 април 2006Визнер на пресконференцијата во главниот град на Србија , истакна дека САД имаат став дека во преговорите за идниот статус на Косово , мора да се реши и прашањето на заштитата на правата на косовските Срби и останатите малцинства.
Истотака е важно , како што истакна Визнер , властите во Србија и натаму активно да учествуваат во преговорите , како што досега го правеа тоа.
„не смее да има прекини а идеите треба да бидат флексибилни“- го испорача американскиот рецепт Френк Визнер дополнувајќи:
„Од она што денес се прави зависат и идните односи меѓу САД и Србија и Црна Гора а донесувањето на исправно решение за Косово ќе биде клучно и за натамошната интеграција на државната заедница во евроатлантските структури.
Прашан дали САД сметаат дека веќе постои решение за Косово и оти тоа е независноста . американскиот пратеник за Косово , порача дека преговорите не треба да се решаваат пред и воопшто да започнат и дека САД учествуваат во нив како и сите останати членки на Контакт групата.
Визнер нагласи и дека преговорите за идниот статус на Косово треба да минат низ сите фази и оти во тој процес треба да се тргне од решавањето на клучните прашања за опстанок на малцинствата на Косово.
Американскиот пратеник ги оцени како искрени и конструктивна разговорите кои вчера ги водеше во Белград.