1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одметнатите: Бунт во Ердогановата АКП

Даниел Белут
18 септември 2019

Турскиот претседател е под притисок од сопствените редови - стари политички сопатници, како поранешниот премиер Давутоглу, ѝ вртат грб на АКП. Моќта на Ердоган се троши.

Türkei Ali Babacan und Ahmet Davutoglu
Али Бабаџан (л.) и Ахмет ДавутоглуФотографија: AP

Ахмет Давутоглу долго време беше една од највлијателните фигури во турската политика. Од големиот подем на исламско-конзервативната АКП во јануари 2002 година тој постојано беше на страната на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган - како министер за надворешни работи и подоцна како премиер и шеф на АКП. Но во 2016 година тој на неговиот политички ментор му стана претврдоглав и премоќен. Ердоган го истурка од двете функции.

Понижување кое Давутоглу го прифати со почит: „Неговата семејна чест е моја семејна чест. Неговото семејство е мое семејство.“ Тој никогаш не се изјасни негативно за шефот на државата и „и во иднина од устата нема да излезе лош збор“, рече Давутоглу откако му беше даден отказ.

Ердоган го загуби ореолот на непобедливост

Но во 2019. односите се менуваат. Економската криза, засилената опозиција и изборниот пораз на локалните избори на крајот на март ги разнишаа темелите на моќта на турскиот претседател и на владеачката АКП. Настанатиот вакуум во моќта го препозна и Давутоглу, кој со месеци жестоко ја критикува АКП. Минатиот петок, заедно со тројца други пратеници на АКП, тој во Анкара го објави напуштањето на партијата. АКП, како што рече, премногу се оддалечила од своите основни принципи. Давутоглу најави и политички амбиции и рече дека има намера да создаде „ново политичко движење“.

Давутоглу смета дека АКП не е на исправен патФотографија: Imago Images/Depo Photos

Уште пред важните избпори во Истанбул во јуни годинава, кои кандидатот на Ердоган, Бинали Јилдирим, ги загуби, Давутоглу се пресмета со владеачката партија. Тој на Фејсбук објави манифест полн со критика на политиката на Ердоган. Партијата, според него, не е на исправен пат и се потпира премногу на поларизација, а премалку на владеење на правото.

Повеќе: Почеток на крајот на ерата на Ердоган?

„Ќе одговараат“

Кај турскиот претседател е вклучен алармот. Тој стравува дека отцепено крило може да го чини многу гласови од конзервативниот табор. Соодветно на тоа и неговата реакција е жестока - тој повеќепати го нарече Давутолгу „предавник“. „Ќе ги повикаме на одговорност кога ќе дојде време за тоа“, грмеше Ердоган против Давутолгу, но и против другите „одметници“.

Зашто, случајот на Давутоглу не е изолиран, туку е повеќе симбол на ерозијата на моќта во базата на АКП. Во последните месеци стотици илјади членови ја напуштија партијата. Меѓу нив и луѓе со политичка тежина кои со месеци невообичаено остро го критикуваат раководството на АКП.

Повеќе: Како Ердоган стана „султан“?

Луѓе со голем калибар му вртат грб на Ердоган

Еден од нив, на пример, е поранешниот министер за економија и коосновач на АКП, Али Бабаџан. Тој ја напушти партијата веќе во јули. И Бабаџан, според турските медиумски извештаи, сака да основа сопствена партија. И тој, како и Давутоглу, смета дека АКП премногу се оддалечила од своите почетни вредности.

Во основањето на партијата Бабаџан ќе добие поддршка од поранешниот претседател Абдула Ѓул, кој  ја напушти АКП уште во 2007 година. Ѓул минатата година се постави спротивно од правецот на Ердогановата политика. Сакаше дури и да се кандидира против Ердоган на претседателските избори во јуни 2018 година. Но, беше заплашен од Ердоган и неговата - тогаш неограничена - моќ. Шефот на турскиот генералштаб Хулуси Акар и портпаролот на Ердоган со хеликоптер слетаа директно во неговата градина и му приредија неочекувана посета. Ден подоцна Ѓул рече дека се откажува од кандидатурата, известуваше во тоа време весникот близок до владата Хабертурк.

Ерозија во партиската база на АКПФотографија: picture-alliance/dpa

АКП веќе не е партија што „пали и гаси“

Тогаш Ердоган и владеачката АКП без во зенитот на моќта - на претседателските и парламентарните избори АКП постигна впечатливи резултати и беше натамошно зацврстен патот кон „режим на еден човек“. Но, сега раотите се сменети - турските граѓани имаат и либерални алтернативи за Ердогановото неограничено владеење.

Повеќе: Демократијата во Турција е сѐ уште жива

Дали Ахмет Давутоглу е дел од тие алтернативи е нешто што за турската јавност е контроверзно. За разлика од другите бунтовници во АКП од голем калибар, Бабаџан и Ѓул, тој е омилен само во националистичкиот табор. Соочен е со обвинувања дека предолго молчел, дури често му се префрла и соучество во глодањето на демократијата во земјата. Се вели дека Давутоглу сака само да ги порамни старите сметки, а не се бори за демократизација на АКП. Со слична критика е соочен и Бабаџан. Но, за него во Турција има поголема верба дека може да основа либерално-конзервативна партија, која ќе се надоврзе на амбцииозноста за реформи која беше присутна кај АКП во нејзините први години на власт.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми