1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Одмор во Турција и покрај коронавирусот?

Даниел Белут
15 мај 2020

Во Турција во тек се подготовки за почеток на туристичката сезона. Причина: релативниот успех во борбата против пандемијата. Засилените сигурносни и хигиенски стандарди би требало да ги привлечат туристите.

Türkei Fotoreportage Istanbul
Фотографија: DW/U. Danısman

Туризмот е една од напрофитабилните економски гранки во Турција и туристичката индустрија е важен извор на приходи за Анкара - особено, со оглед на економската криза од летото 2018 година. Земјата е популарна дестинација за одмор и привлекува милиони странски туристи.

Но, пандемијата на коронавирусот во голема мерка го парализираше овој индустриски сектор, кој според податоците на турската Канцеларија за статистика доживеа ненадеен пад по забраната на летови во март. Резервациите за сместување во хотелите опаднаа за 55,2 насто во однос на претходната година.

Поради тоа турската влада во последно време го забрза темпото на работа и Анкара сака што е можно побрзо да ги укине ограничувањата за патување за да се подготви на време да ги дочека туристите на турските плажи во летната сезона 2020 година. Од средината на јуни би требало повторно да бидат дозволени и меѓународни летови.

Министерството за туризам го оправда планираното ублажување на мерките со фактот дека Турција има контрола над ширењето на коронавирусот. Се тврди оти во борбата против пандемијата е постигнат успех - болниците успеале да излезат на крај со зголемениот број пациенти, бројот на новоинфицирани опаѓа од почетокот на мај, а стапката на смртност поради вирусот во споредба со другите држави е релативно ниска.

Кој сака да работи треба да има сертификат

За да можат туристичките компании наскоро да започнат со работа, посебен стручен тим под водство на Министерството за туризам изработи низа услови и мерки за безбедност. Откако ќе биде совладана пандемијата, Турција ќе има пионерска улога во развој на туризмот, најави министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој. Како што најавија од ова министерство, ќе започне „програма за сертифицирање на здрав туризам“.

Повеќе:

-ЕУ ги отвора интерните граници, надеж за спас на летната сезона

-Грција: Туристичкиот рај во кризно расположение

-ЕУ: Нема патување на годишен одмор?

Хотелите, аеродромите, авиокомпаниите, угостителските објекти и сместувањата треба да бидат проверени за да се осигура дека работат во согласност со хигиенските и безбедносните барања.„Како дел од сертификатската програма, вработените во хотелите ќе бидат подложени на здравствени проверки, а ќе се проверува и дали има случаи на Ковид-19“, објаснува Џем Полатоглу, гласноговорник на Здружението турски туристички агенции.

Фотографија: DW/U. Danısman

За да се одржи потребната дистанца меѓу гостите и персоналот, хотелите ќе работат со ограничен капаците од само 60 отсто. Во рестораните ќе можат да се примат само 500 гости, а храната ќе се послужува на маса. Притоа и гостите требаат да држат растојание на плажите и да се регистрираат пред да одат на плажа. „Дискотеките и баровите ќе бидат затворени“, вели Полатоглу.

Внатрешниот туризам останува приоритет

Ограничувањата за патување беа укинати во девет турски провинции уште во вторникот (12-ти мај), вклучувајќи ги и популарните летувалишта Анталија и Муглу. Домашните патувања треба постепено да се нормализираат. Според турското биро за статистика (ТИИК), сепак, странските туристи се тие кои носат 83 проценти од приходите од туризам.

„Ограничувањата сега постепено се укинуваат. Сепак, за да се привлечат туристи од странство, треба да се укинат патните ограничувања што е можно поскоро. Летовите мора да бидат повторно воспоставени“, вели Еркан Јагчи, претседател на Здружението на туристички хотелиери на Медитеранот.

Еркан ЈагчиФотографија: privat

Шефицата на турското здружение на хотелиери ТУРОБ, Мубера Ересин истакна дека хотелите веќе започнале да подготвуваат сместување за гости, но таа сепак останува скептична, затоа што, како што вели, во моментов владее вонредна состојба во која не е можно да се планира со сигурност.

„Се надеваме дека првите чекори кон нормализација на туристичкиот сектор ќе бидат преземени кон средината на јуни. Сепак, во моментов не е можно да се п роцени дали ќе можеме да ја постигнеме финансиската цел до крајот на годината“, додава Ересин и наведува дека предност сега сепак треба да имаат здравјето на луѓето- и спасувањето на работни места.

Мубера ЕресинФотографија: privat

Од Синдикатот на туристички работници (ДИСК) велат дека околу 2,5 милиони работни места во Турција зависат од туризмот. Дали ублажувањето на патните ограничувања ќе биде спас за огромен број работни места, исто така ќе зависи од факторот кој е тешко да се пресмета - дали патниците воопшто сакаат да продолжат да одат во Турција и покрај строгите мерки на безбедност и хигиена.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми