1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одобрена екстрадиција на Перковиќ во Германија

ЖА/миа8 јануари 2014

Вонпроцесниот совет на Жупанискиот суд во Загреб донесе неправосилна одлука за екстрадиција на некогашниот функционер на југословенската и хрватската Управа за државна безбедност (УДБА), Јосип Перковиќ во Германија.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Заменик портпаролот на Судот, Ивана Чалиќ, изјави дека Судскиот совет решил да го прифати германското барање за екстрадиција на Перковиќ и дека аргументите на одбраната не се прифатени, јавува хрватската агенција Хина.

Адвокатот на Перковиќ, Анте Нобило, најави дека до Врховниот суд на Хрватска ќе упати жалба на оваа одлука, веднаш откако ќе го добие писменото решение.

Советот со кој претседаваше судијата Иван Турудиќ заклучи дека поранешниот прв човек на тајната полиција треба да биде предаден на Германија, која го товари дека учествувал во убиството на хрватскиот политички емигрант Стјепан Ѓурековиќ во 1983 година во Минхен.

Бидејќи станува збор за неправосилна одлука на Судот, за судбината на Перковиќ во случај на жалба ќе одлучува Врховниот суд во рок од три дена по приемот на одлуката на Вонпроцесниот совет.

Нобило претходно најави дека доколку биде екстрадиран, неговиот клиент „ќе каже за се‘ што знае“ и дека ќе се обрати и до Уставниот суд.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми