1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од гастарбајтери до германски граѓани – историјата на доселувањето на Турците

Кемал Хир/ Александра Трајковска11 октомври 2012

Фудбалерот Езил, режисерот Акин или писателката Феридун Заимоглу се успешни Германци, чии родители-гастарбајтери се доселија овде. Во последните 50 години не се променија само доселениците.

Мустаќите на Дурсун Ѓузел ги снема на патот од Истанбул кон Минхен. Некаде меѓу двата света, каде отсега требаше да живее, отиде во тоалетот во возот и си ја избричи брадата, која никогаш претходно ја немаше избричено. „Тоа најверојатно беше мојот прв чекор кон интеграцијата“, се смее 68- годишникот, додека ја раскажуваа оваа анегдота. Бидејќи Германија е модерна земја и таму не се носат мустаќи, сметаше тогаш тој. Беше 21. септември 1968. година. Дводневното патување секој патник го започна од друго место. Сопатниците на Дурсун доаѓаа од сите делови на Турција. Тие патуваа во странска земја, која ги повика. На Германија и' беа потребни работници, а тие бараа работа.

Договор за привлекување работници

Во 50-тите и 60-тите години економијата во Германија доживеа бум. Но, во земјата недостасуваше работна сила. Од 1955. година доаѓаа на помош работници од Италија, а подоцна и од Грција и Шпанија. Германија на 30. октомври 1961. го склучи со Турција т.н. Договор за привлекување работници. Документот беше долг само две страници – пократок од договорите за работа со кои Дурсун Ѓузел и „гастарбајерите“ со брада дојдоа во Минхен.

Дурсун ЃузелФотографија: Kemal Hür

Дурсун Ѓузел потекнува од Сивас, провинција во централна Анадолија. Таму тој работеше во државната железница. Тој имаше постојано и сигурно работно место, а заработуваше повеќе отколку во приватното стопанство. Беше оженет и имаше две деца. Спругата беше бремена со третото дете, кога младиот Дурсун донесе одлука да замине во Германија. Брат му замина во 1964. година. Тој како помошен работник заработуваше повеќе отколку Дурсун, вработен во Турските железници. Кога на лето доаѓаше повеќе недели на одмор во татковината, тој имаше само пофални зборови за подобрите животни и работни услови во Германија. Кога најде работа за брат му Дурсун, овој не размислуваше долго. Имено, Дурсун имаше долгови кај градежното здружение и ратите не можеше секогаш навремено да ги плати. Неговите примања не беа доволни за сопствена куќа. Овој сон за него и неговото семејство сакаше да си го оствари работејќи во Германија.

Улиците не се од злато

Со сличен сон заминаа повеќето работници кон Германија. Се’ до 1973 година, кога беше прекинат договорот, според податоците на фондацијата Центар за турски студии и интеграција во Есен, во Германија се доселија 867.000 луѓе од Турција. Модалитетите за патувањето беа утврдувани од страна на бирото за посредување во Турција, кое беше формирано специјално за оваа цел. Германските претпријатија за секој работник на турските власти им плаќаа такса за посредување. Секој кандидат мораше да мине низ комплетен здравствен преглед во Истанбул. „Лекарите ни гледаа во уста и во гаќи“, се сеќава Дурсун Ѓузел.

Целосно здрав, Дурсун Ѓузел во првите години како гастарбајтер работеше во Баден Виртемберг на изградба на патишта, а потоа најде друго вработување во голем автомобилски концерн. Со другите Турци живееше во дом за работници. Во Турција слушна дека улиците во Германија биле од злато. Но, реалноста брзо го стаса. Работата овде беше потешка отколку работата во Турски железници. Но, тој сакаше брзо да заработи пари за куќа во Сивас. Кога во 1970. година за првпат замина на одмор, имаше заштедено 8.000 марки. За куќа му беа потребни тројно повеќе пари. Освен ова имаше уште долгови кои мораше да ги врати.

Спојување на семејството

Како и повеќето гастарбајтери од првата генерација и на Дурсун Ѓузел му стана јасно дека нема да се врати по неколку години. Тој се пресели во Берлин и во 1971. година ја повлече и сопругата. Децата во прво време останаа кај роднини во Сивас. Родителите Ѓузел на роднините им праќаа пари. Многу години подоцна, на крајот на 70-тите, децата во Германија раскажуваа колку им било тешко и тажно да растат без родители. „Тоа се’ уште ми е многу болно“, вели таткото Дурсун.

Турци на 28.07.1970 година чекаат во специјален шатор за турските „гастарбајтери“ на аеродромот во Диселдорф за лет кон татковинатаФотографија: picture-alliance/dpa

На крајот на 70-тите многу турски работници ги донесоа своите деца. Нивните ограничени дозволи за работа и престој беа продолжени врз основа на законот за странци од 1965. година. Исто така откако беше прекинат Договорот за привлекување работници во 1973. година беше дозволено спојување на семејството. Турција тогаш по третпат се наоѓаше пред воен пуч. Кој можеше, си ги земаше децата од политички несигурната татковина кон Германија.

Но, германската политика не беше подготвена на тоа, вели Јунус Улусој од Центарот за турски студии. Тогаш за децата на доселениците беа воведени т.н. одделенија за подготовка. „Делумно како едно селско одделение како во Анадолија, каде деца на различна возраст ги подучува турски даскал“, раскажува експертот за миграција Улусој, кој самиот посетувал такво одделение. Овие одделенија служеа како привремено решение додека децата и младите не се вратат. Но, за враќање доселениците, кои до средината на 80-тите години беа нарекувани „гастарбајтери“, повеќе не размислуваа.

Понуди за враќање

Со „премии за враќање назад“ владата на канцеларот Хелмут Кол се обиде да ги врати странците во нивните земји. Меѓу 1982. и 1985. година повеќе од 300.000 Турци ја напуштија Германија и се вратија во Турција. Со тоа го загубија правото за повторно доаѓање. „Нивните потешкотии, да фатат чекор во Турција, беа предупредување и поука за оние кои останаа“, вели Улусој. Во тој период поранешните гастарбајтери полека се збогуваа со нивниот сон, да работат во Германија само толку долго, додека да соберат пари за куќа. Нивниот живот беше овде, вели Улусој.

Исто така и Дурсун Ѓузел во 80-тите години повеќе не размислуваше на враќање. За тоа само еднаш разговарал со семејството, по повторното обединување. Поради болест не беше целосно работоспособен и излегуваше на крај со различни мерки од Агенцијата за вработување. Ксенофобичните и расистички напади во Росток, Мелн, Солинген и други места предизвикаа страв. Но, тој се одлучи да остане со семејството во Берлин.

Вонредниот воз од Истанбул преку Балканот кон Минхен потсетува на доселувањето на Турците кое започна пред 50 годиниФотографија: picture-alliance/dpa

Семејството Ѓузел не е единственото кое ја донесе оваа одлука. „Германските Турци“ до крајот на 90-тите години беа снабдувачи со девизи и развојни помагачи за Турција. Сега, со оглед на тоа што турската економија енормно расте и Турците почнаа да инвестираат во Германија, доселувањето од Турција речиси и да прекина. Се’ уште има брачни партнери, пред се’ партнерки кои доаѓаат од Турција. Но, експертот за миграција Јунус Улусој вели дека од 2006. година повеќе Турци се иселуваат од Германија во Турција отколку обратно. Во последните пет години 31.000, претежно млади израснати и образувани Турци од Германија се отселија во татковината на нивните родители, оти на турскиот пазар на работна сила имаат подобри шанси отколку овде – и покрај тоа што Германија бара стручна работна сила.

Новата татковина

Дурсун Ѓузел се одлучи да остане овде поради конкретна причина - и покрај сите потешкотии, вели Ѓузел, овде се чувствува слободен. Берлин веќе одамна е негов дом, вели без да се поколеба ниту една секунда. До Сивас денес може да се стигне за неколку часови. Неговите две ќерки и син во меѓувреме и самите имаат деца. Сите тие Берлин го доживуваат како нивен дом, објаснува Дурсун Ѓузел и покажува на неговите бели мустаќи. „На почетокот на 90-тите повторно ги пуштив мустаќите. Најстарата ќерка сметаше дека како дедо морам да имам мустаќи“.

Портрети на некои од успешните Турци во Германија

[No title]

04:48

This browser does not support the video element.

[No title]

04:17

This browser does not support the video element.

Инчи Бурханје и Селма Велс

04:51

This browser does not support the video element.

Синан Акуш

04:51

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми