„Окото на Чавков“ не ја поколеба Шарената Револуција
БГ24 мај 2016
Заканите кон учесниците на протестите и казните кои експресно им се изрекуваат на оние кои ги фарбаат објектите од проектот „Скопје 2014“, досега не успеаја да ги поколебаат учесниците во Шарената Револуција.
Реклама

Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
Шаренило насекаде
Демонстрант ја бои зградата на Министерството за правда за време на анти-владиниот протест на 20 мај.
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
Јустиција не живее тука
Зградата на Министерството за правда е честа цел на демонстрантите, како што прикажува и оваа фотографија. Пушките на вода, во меѓувреме, станаа омилено „оружје“.
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
Чатал
Чаталот станува сѐ по популарен последниве недели. Со него се цели кон зградите на Собранието и Владата. Делува шашаво, но целта се постигнува. Космодиск, барем засега, не е потребен.
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
Маскирани пред камерите
Сѐ почесто маскирани демонстранти учествуваат во протестите. По паричните казни и притворот кој им беше одреден на бројни демонстранти, многумина побараа заштита од полициските камери на овој начин.
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
Протестирам на ролери
Од време на време, некој демонстрант ќе изненади со досетливоста, како овој на фотографијата кој одлучи да ги поздрави полицајците парадирајќи пред нив на ролери.
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Licovski
Вувузели
Сите (ги) слушнаа за вувузелите за време на натпреварите на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка во 2010 година. На демонстрантите во Македонија им се видоа погодни и за протест против режимот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Licovski
Но Пасаран
Славниот слоган „Нема да поминете“ за првпат беше употребен за време на битката кај Вердан во Првата светска војна. 'On ne passe pas' рекол францускиот генерал Роберт Нивел. Речиси сто години подоцна во Македонија, обвинителката Фатиме Фетаи му даде ново значење во контекст на политичката криза во земјата.
Фотографија: K. Ozimec
Поддршка за СЈО
Поддршката за СЈО беше и остана клучниот момент на почетокот на секој протест против режимот. Маичките и другите дизајни во меѓувреме станаа основен модел детаљ на секој демонстрант.