СЗО денеска пак предупреди да не се брза со либерализација на рестриктивните мерки: додека не биде пронајдена вакцина, прилагодувањето кон епидемијата ќе стане „новата нормалност“
Реклама
Во време кога голем број земји почнаа да ги олеснуваат ограничувањата наметнати поради пандемијата, стигна второ предупредување од Светската здравствена организација, пренесе Ројтерс. Од СЗО и денеска предупредуваат дека сите мерки за ублажување на карантинот воведен заради заштита од коронавирусот треба да се преземат постепено, бидејќи ако ограничувањата се укинат пребрзо, повторно ќе има зголемување на бројот на заразените.
„Мерките за карантин се покажаа ефикасни и луѓето мора да бидат подготвени за нов начин на живот, за да може општеството да продолжи да функционира, но во исто време коронавирусотда биде држен под контрола. Додека не биде пронајдена вакцина, процесот на прилагодување кон епидемијата ќе стане ‘новата нормалност’“, изјави на онлајн прес-конференција, Такеши Касаи, регионален директор на СЗО.
Ова е второ предупредување, по вчерашната изјава на Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, кој рече дека „ допрва претстои најлошото со епидемијата“. Тој не прецизираше зошто состојбата може да се влоши, но наведе дека оваа пандемија која се случува за првпат во сто години потсетува на „шпанската треска“ од 1918 година, во која загинаа 100 милиони луѓе.
„Но, сега ја имаме технологијата, можеме да спречиме катастрофа, можеме да спречиме ваков вид криза“, рече Гебрејесус.
Пет совети за подобро физичко и ментално здравје во корона-кризата
Вакцина нема, лек исто така. Експертите, во моментов, не се сигурни ни дека оние кои оздравеле од Ковид-19 се целосно заштитени од нова инфекција. Затоа е препорачливо јакнење на личниот имунитет среде пандемијата.
Фотографија: Fotolia
Здрава исхрана
Докажано е дека здравата исхрана го намалува ризикот од хронични болести како што се проблемите со циркулацијата, дијабетисот или со дебелината. Исто така, со здрава исхрана се намалува и ризикот од депресија и од анксиозност. СЗО потсетува - но тоа важи и без пандемија - дека треба да се остават алкохолот, цигарите и сите останати дроги
Фотографија: picture-alliance/dpa/V. Heinz
Добар сон
Додека спиеме, телото вредно работи: келиите се обновуваат, се отстрануваат отровите, се зацврстува помнењето. Како што покажаа истражувањата, недостатокот на сон влијае не само на физичката состојба, туку и на психичката. Недостатокот на сон нѐ прави поподложни на хронични болести. На поголемот број луѓе им се доволни 6 до 9 часа сон, но важно е да се спие во одреден ритам.
Фотографија: Colourbox
Движење и вежбање
Движењето го исполнува телото со „хормоните на среќа“. Тоа овозможува подобро спиење, ги намалува стресот и стравовите, го зајакнува помнењето. Движење и спорт, па макар и дома - најмалку 30 минути дневно. Тренерите велат дека не важно како ќе ги поделите тие минимални 30 минути - можеби по 10 минути наутро, напладне и навечер? Кога можете излезете на свеж воздух.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. pedersen
Одржување на контактите
Пријателите во овој период на социјална изолација поради коронавирусот се поважни од кога било. Социјалните мрежи се докажано добри за здравјето. Бидејќи излегувањата и собирите сега не се можни, речиси сѐ се одвива на интернет. Но, подобро така отколку никако.
Изолацијата можеби е шанса да се заборави на светот и на надворешните вести. Размислите, што сакате веќе подолго да направите но никако не стигнувате? Нешто во градината, да испробате нов рецепт, да научите да плетете, да прочитате некоја книга која веќе подолго ве гледа обвинувачки од полицата? Сега е идеално време за тоа.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
5 фотографии1 | 5
Заострување на меките мерки
Овие предупредувања од СЗО доаѓаат во време кога голем број земји почнаа да ги укинуваат или олеснуваат ограничувањата, или тоа го најавуваат за претстојните денови. Македонската влада засега се придржува до овие сугестии. Премиерот Оливер Спасовски во видео-сесија пред три дена најави дека „Владата подготвува сериозен план, по првомајските празници да започне процесот за враќање на нормализација на животот на граѓаните“, но дека тој процес нема да биде воспоставен веднаш, туку постепено. Истото го повтори и вчера, во кратка објава на Фејсбук.
„Подготвуваме сериозен план, после првомајските празници да започне процес на враќање на нормала. Тоа нема да биде бргу, ниту веднаш“, потенцира Спасовски.
Повикувајќи се на брифинг од Владата, МИА објави дека ќе се заоструваат „меките мерки" за да не мора да се зајакнуваат рестриктивните. Носењето заштитна маска, марама или шал со кои ќе се покријат устата и носот, од среда ќе биде задолжително во Прилеп, Куманово и Тетово, а почитувањето на мерката ќе го контролира полицијата. Во почетокот ќе се даваат само опомени, но потоа и казни. Според Владата, целта не е да се казнува, туку да се обезбеди почитување на мерките од сите. Доколку мора да се изрече казна, полицијата има обврска да обезбеди фотографија со која ќе ја оправда мандатната казна.
За да се олабават мерките за ограничување на движењето, оваа обврска (маски/марами) по извесен период би можела да важи и на целата територијата на државата. Во првата фаза (по првомајските празници) тоа би водело кон намалување на полицискиот час, но и натаму ќе останат да важат мерките за забрана на групирања и задолжителна дистанца од 2 метри. Во зависност од епидемиолошката состојба, во втората фаза (две седмици подоцна), би можело да се започне со отворање на угостителски објекти, но со мерки за дистанца меѓу гостите, а истото ќе важи и за производствените капацитети - почитување на задолжителна дистанца од два метри меѓу вработените.
Кои животни го пренесуваат коронавирусот?
Неодамнешна студија открива дека мачките можат да бидат заразени со Ковид-19, и можат да им го пренесуваат вирусот на други животни- во лабораторски услови. Кај другите домашни животни, ризикот е помал.
Фотографија: picture-alliance/F. Herrmann
Да се галат или не?
Истражувачите на Ветеринарниот институт Харбин во Кина открија дека коронавирусот може да се пренесува меѓу мачки. Домашните мачки исто така можат да го пренесуваат вирусот натаму на други животни, но тоа не е лесно, вели Хуалан Чен, водечки истражувач во студијата која беше објавена во журналот "bioRxiv" на 31 март годинава.
Фотографија: picture-alliance/dpa/K-W. Friedrich
Без грижа
Но нема потреба од паника меѓу сопствениците на мачки, затоа што тие не се заразни долго време. Сепак, сопствениците на мачки со хронични болести, или постарите, треба привремено да ги ограничат контактите доколку мачките слободно го напуштаат домот. Здравите луѓе треба да ги мијат рацете откако ќе ги погалат.
Фотографија: picture-alliance/imageBroker
Кучињата се безбедни
За разлика од мачките, вирусот не може лесно да се реплицира кај кучињата, тврдат истражувачите. Оттука, слободно шетајте го и негувајте го вашиот пес.
Фотографија: DW/F. Schmidt
Кој кого заразува?
Оваа домашна свиња која шета низ улиците на Рим не треба да се плаши од кучиња. А и кучето нема потреба да стравува од својот забрефтан ривал. Ветерираните тврдат дека свињите не се сметаат за природен резервоар за коронавирусот.
Фотографија: Reuters/A. Lingria
Карантин за ласиците
Кај овие цицачи од групата Мустилида состојбата е поинаква. Хуалан Чен ги истражувал и ласиците и утврдил дека и тие го шират Ковид-19, исто како и мачките. Ширењето меѓу животните се случува преку респираторни капки. Истражувачите го пронашле вирусот во брисеви земени од грлото и носот на ласиците, но не откриле инфекција на белите дробови.
Научниците велат дека нема никаква опасност за одгледувачите на живина, како овој трговец во Вухан, Кина, каде беше откриен првиот случај на коронавирусот. Луѓето немаат за што да се грижат затоа што кокошките се практично имуни на Ковид-19, како и патките и другите слични видови.
Фотографија: Getty Images/China Photos
Кога луѓето се опасност за животните
Луѓето можат да се заразат од животни, но се случува и обратното. Четиригодишната малајска тигрица Надја од Зоолошката градина во Њујорк имаше позитивен тест на коронавирусот „Ова е првпат диво животно да се зарази од Ковид-19 од човек“, изјави главниот ветеринар на Зоолошката Пол Кале.
Фотографија: Reuters/WCS
Дали лилјаците се неправедно обвинети?
Лилјаците се сметаат за најверојатно преносници на Ковид-19, но ветеринарите веруваат дека во декември 2019 некое друго животно се јавило во Вухан како посредник меѓу нив и луѓето. Можеби ласиците или мачките?
Панголините се под сомнеж дека го пренесуваат вирусот. Истражувачи од Хонг Конг, Кина и Австралија го откриле вирусот во малезискиот панголин кој имал големи сличности со оној забележан кај човекот.
Фотографија: Reuters/Kham
9 фотографии1 | 9
Србија ги ублажува мерките
Во соседна Србија од денеска се ублажуваат некои од досегашните мерки за заштита од Ковид -19. Полицискиот час наместо во 17, од денска ќе почнува во 18 часот, а граѓаните постари од 65 година, ќе можат да излезат на прошетка три пати неделно: во вторник, петок и недела, меѓу 18 и 1 часот по полноќ, но најдолго половина час во тој период, и најдалеку до 600 метри од нивните домови. Од денеска можат да работат вработените во секторот услуги - автомеханичари, вулканизери, кондураџии, кројачи, сервиси за хемиско чистење, обука на возачи, како и трговците, но не и оние во големите трговски центри кадешто би можеле да се соберат многу луѓе. Се уште нема да можат да работат ни давателите на услуги кои подразбираат близок физички контакт - фризери, козметичари, теретаните и салите за фитнес.
Во соседна Бугарија исто така се очекува дека да има олабавување на рестриктивните процедури, а беше најавено дека за нив ќе се разговара по Велигденските празници.
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Прво важеа за неефикасни и збунувачки, но се‘ повеќе земји во меѓувреме воведуваат правило за носење заштитни маски против ширењето на коронавирусот. За победоносниот поход на маските, започнат во Азија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Zucchi
Ракавици, мобилен телефон, заштитна маска
Дали и во Германија ќе се воведе обврска за носење заштитна маска? По консеквентната употреба во Азија, институтот Роберт Кох препорача нејзино носење и во Германија. Јена е првиот град кој ја водведе оваа мерка, од 6 април во супермаркетите и јавниот сообраќај таму таа е задолжителна. Како заштита се прифаќа и шал или марамче на устата.
Фотографија: Imago Images/Sven Simon/F. Hoermann
Подарок за пожарникарите
Со оглед на големиот недостиг на заштитни маски, луѓето и институциите се снаоѓаат и сами. На Јутјуб и на Твитер под хаштагот „maskeauf“ многумина демонстрираат колку е едноставно да се изработи маска. Меѓу нив е и професионалната шивачка од Државниот театар Котбус, Керстин Бохов. Маските кои ги изработува оваа костимографка се наменети за пожарникарската служба и за Црвениот крст во Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul
Плетени маски
Уметничката Манша Фридрих плете маски за заштита од коронавирус. Нејзините маски се украсени со мотиви на насмеани лица, животни, сонце. Внатрешната страна на маските може да се менува. Уметничката од Хановер не дозволува корона-кризата да ѝ го расипе расположението.
Чешка и Словачка се отидени чекор понапред, таму уште на средината на март е воведена обврска за носење заштитни маски. Оној кој влегува во супермаркет или градски превоз, мора да носи маска. Словачката претседателка Зузана Чапутова и премиерот Игор Матович предничат со добар пример. И Австрија во меѓувреме воведе обврска за носење маски во супермаркет.
Фотографија: Reuters/M. Svitok
Будење на пролетта во Кина
Во Кина заштитните маски одамна се задолжителни за граѓаните. Оваа двојка, без оглед на кризата со коронавирус и ригидните контроли, не сака да се откаже од романтика. Двајцата занесено танцуваат на пролетното сонце и сигурно забораваат на сите останати околу себе.
Фотографија: AFP
Израел не дозволува исклучоци
И во Израел во сила се драстични ограничувања на движењето, кои ги воведе премиерот Бенјамин Нетанјаху, а се контролирани од полицијата и од војската. Кон нив мора да се придржуваат и ортодоксните Евреи. Во квартот Меа Шерим во Ерусалим, еден вооружен полицаец му наложува на својот ултраортодоксен сограѓанин да се прибере дома.
Фотографија: picture-lliance/dpa/I. Yefimovich
Уметност во Појасот Газа
Во густо населениот Појас Газа, уметниците се обидуваат да ги мотивираат граѓаните. Во квартот Шујаија, тие украсуваат заштитни маски со различни мотиви. Владата во Појасот Газа воведе ограничување за движењето на населението и забрана за одржување на сите манифестации. И т.н. „Марш на враќањето“, кој секоја година преку масовни протести се одржува на границата кон Израел, годинава е откажан.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Wire/A. Hasaballah
Колумбиски „силници“
Во Колумбија на маските доминираат драстични и впечатливи мотиви. Вилиците на маските на двајцата полицајци се чини се инспирирани од колосот Хулк. Хулк е главната фигура во стрипот на Стен Ли и Џек Кирби, објавен во 1962 година. Приказната за неверојатниот Хулк е адаптирана во бројни филмови и серии.
Фотографија: AFP/L. Robayo
Макрон ќе се справува со недостигот од маски
Францускиот претседател посети фабрика за производство на заштитна облека и маски во Сент-Бартоломи д‘Анжу. Стотици лекари ја критикуваат владата што не набави доволни количини заштитна облека во време на епидемијата на коронавирус, но многумина од нив сепак работат, дури и без заштита. Емануел Макрон планира потребата од заштитна опрема да ја покрие со домашно производство до крајот на годинава.