1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оланд не знае што прави

Барбара Везел Превод:СН17 септември 2015

Франција одлучи да им се придружи на американските воздушни напади врз „Исламската држава“ во Сирија. Оваа акција служи само за поправање на оштетениот имиџ на претседателот Оланд, смета Барбара Везел

Frankreichs Präsident Francois Hollande
Фотографија: Christian Liewig/ABACAPRESS.COM

Вакви мали воени акции францускиот претседател може да планира и сам. Додека се досадува во Елисејската палата затоа што на внатрешнополитички план не се случува ништо, тој испраќа неколку бомбардери во Сирија таму да ја поддржат борбата на Западот против варварствата на „Исламска држава“ (ИД). Барем таков впечаток- лаконски и произволен- остава одлуката на Франсоа Оланд, по летната пауза и без соодветни политички иницијтиви, да се придружи на воздушните напади во регионот.

Французите и онака најмногу го ценат кога настапува како глобален државник. Борбените пози го подигаат угледот меѓу француските избирачи. Оваа акција служи за поправање на трајно оштетениот имиџ на претседателот. Тој сега изгледа како човек од акција, оној кој нешто презема. Во споредба со тоа, прашањето за смислата на неговото делување изгледа ситничарско. Бидејќи, додека останатите Европејци не сакаат ништо да имаат со сириската катастрофа, Оланд таму ги праќа своите „Рафали“.

Многу прашања- малку одговори

Дали преседателот навистина може да ја заврши војната така што ќе предизивика уште повеќе војна? Коментаторите во францускиот печат му префрлуваат на Оланд дека ја повторува грешката која во Ирак ја направи Џорџ Буш помладиот. Споредувањето е навистна малку претерано- но Оландовото воено ангажирање изгледа во иста мерка неплански.

Дали тој навистина верува дека неговите авиони би можеле да го спречат успехот на ИД на сириска територија? Дали верува оти тие ќе успеат во акција која и на надмоќната воена сила САД и’ успева само во ограничена мера? Дури и кога тоа би му пошло од рака, кој би го пополнил новонастанатиот вакуум на моќ? Зарем на местото на старите не би дошле некои нови убијци? И кој уште верува во тврдењето дека владата во Париз со оваа акција воопшто не сака да му пружи поддршка на крвавот колач Башар ал-Асад? За неа ќе биде судено врз основа на нејзините дела- а не зборови. Претставниците на опозицијата во парламентот го прашаа претседателот што всушност сака да постигне со оваа мисија- да го симне Асад од власт или да ја протера ИД? Целта на мисијата е нејасна, бидејќи нејзиниот евентуален успех во секоја варијанта изгледа небулозно.

Барбара Везел

Нема воено решение

И Франсоа Оланд знае дека нема воено решение за Сирија. Внатрешнополитичкиот притисок го натера во акција. Конзервативните Репубиканци во борба против доселувањето на стотици илјади воени бегалци од Сирија играат на надворешнополиичка карта: ако се стаблизира земјата, овие луѓе ќе останат дома- така гласи нвниот аргумент. На тој начин сакаат да ја ослабат позицијата на деснопопулистичиот Национален фронт кој води кампања проив бегалците по примерот на унгарскиот претседател Виктор Орбан. Социјалисот Оланд сега се обидува двете партии да ги претрка од десно и да глуми одлучен војсководец.

Меѓутоа, драмата во Сирија е несоодветна за такви експерименти. А ветувањето дека со регионалнаата коалиција можеби ќе се впишти и во копнена војна- го запира здивот. Додуша, Оланд- како и сите ние- смета дека нема да дојде до тоа. Единственото решение за судирот ќе биде политичко, дури и ако никој сега не знае како би можело да изгледа. Во секој случај, за него ќе биде потребен јак желудец. И незаобиколните разговори со претседателот Путин, и оние со Аасад, „Исламската држава“ или други паравоени формации, предизвикуваат нагон за повраќање. Нема веќе добри решенија за Сирија- постојат само оние кои се помалку лоши. Неколку француски бомбардери не спаѓаат во соодветните инструменти за такво нешто.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми