1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Олаф Шолц и чувството на беспомошност

7 април 2022

Германскиот канцелар Олаф Шолц во Бундестагот одговараше на пратенички прашања за војната во Украина. Тој остана зачудувачки ладен. Тоа не е во согласност со драматичната природа на ситуацијата, смета Јенс Турау.

Германскиот канцелар Олаф Шолц одговараше на пратенички прашања во Бундестагот за војната во Украина
Германскиот канцелар Олаф Шолц одговараше на пратенички прашања во Бундестагот за војната во УкраинаФотографија: Kay Nietfeld/picture alliance/dpa

Кај некои од пратениците кои вчера му поставуваа прашања на канцеларот Олаф Шолц во врска со војната во Украина можеа да се препознаат немоќ и збунетост. Тоа не беше поради тоа што го кажа Шолц. Со најголемиот број одговори пратениците можеа да се согласат. Повеќе станува збор за стилот со кој Шолц ги изнесуваше аргументите. Сѐ што тој кажа е логично, поврзано едно со друго, никаде нема место за сомнеж, стравови, опасности и грешки. Притоа на сите набљудувачи мораше да им биде јасно дека во веројатно најтешката криза по Втората светска војна сите нужно прават грешки, па и со најдобри намери.

Шолц вели оти длабоко го погодиле масакрите на цивили во Украина, дека Русија сторила воени злосторства, и оти Германија „за разлика од претходната влада“, ѝ испорачува оружје на Украина. Тоа не е точно во целосот, бидејќи коалицијата која ја предводи Шолц, долго ги одбиваше овие испораки и дури под влијание на почетокот на војната го промени ставот.

НАТО, а со тоа и Германија, нема да дозволи да бидат вовлечена во војна, тврди канцеларот. Тој додава дека Германија и натаму великодушно ќе прифаќа украински бегалци. „Добредојдени се овде“, рече Шолц, со поглед вперен кон пратениците во салата. Потоа продолжи, ветувајќи дека што е можно побрзо ќе ја направи Германија независна од руска нафта и јаглен, па и од гас, при што последното подолго ќе трае. Сето ова е познато, веќе повеќепати кажано. Но, човек никако не може да се ослободи од вознемирувачкото чувство дека не е доволно.

Критиката не влијае врз Шолц

Воопшто не е фер на Шолц да му се префрла поради недостатокот на емоции. Шолц секогаш останува мирен, изгледа емоционално неангажиран, па така и сега. Тоа се негови особини и нив навистина смее да ги задржи. Многу повеќе тоа се однесува на неговиот начин на отфрлање и на најмала критика, па макар таа да е и добронамерна. Секако, постојат извештаи според кои Германија би можела на Украина да ѝ достави повеќе оружје, а тие испораки пред сѐ би можеле да бидат побрзи. „Сѐ е тоа договорено вака со нашите европски партнери“, рече Шолц.

Јенс Турау, автор на коментаротФотографија: DW

Постојат и извештаи оти распределбата на бегалци во германските покраини се запира поради бирократски препреки и дека е често хаотична. Шолц за тоа вели оти сите прават онолку колку што можат и дека подготвеноста на граѓаните во Германија да помогнат е исклучителна.

Повеќе: Канцеларот Шолц вети натамошна помош: „Украина може да се потпре на нас“

Без сомнеж во сопствена позиција, без потрага по аргументи. Дури ни кај исклучително актуелното прашање - во кој момент од оваа војна Германија доброволно би морала да се прости од рускиот гас, ако веќе рускиот претседател, кој е очигледно подготвен на сите можни злодела, тоа не го стори сам. Ние градиме обновливи извори на енергија, вели Шолц и додава дека тоа од почетокот било план. Канцеларот сигурно знае оти во тоа прашање е содржанд руг вид на драматичност: што ќе се случи ако преку ноќ пресуши дотокот на гас? Што значи тоа за другите земји, за Германија? Шолц избра да го следи сопствениот ритуал и во основа да не одговори на ова прашање.

Пристапноста не е знак на слабост

Добро е и правилно што Германија во овие тешки денови очигледно има канцелар со добри нерви. Тоа му е работата. Но, понекогаш би било  посоодветно да се посочи дека ни Шолц ги нема одговорите на сите прашања. Затоа што така се чувствуваат и мислат многу луѓе во Германија и многу други земји во светот.

Првите украински бегалци пристигнаа во Германија

02:47

This browser does not support the video element.

А одговори нема ни на големото прашање кое ги гризе сите, а Шолц не го ни почна: ако е точно дека агресијата на Путин е насочена кон Запад, Европа, демократиите, тогаш е точно и тоа оти Украинците токму таа борба во добар дел ја водат сами во името на сите нас. Со огромни жртви.

На тоа во моментов сигурно нема вистински одговор. Но, да се дозволи таква мисла - тоа би било барем почеток. Тоа би ги зближило Германците и нивниот канцелар. Во спротивно ќе останат беспомошни и со збунети погледи кои можеа да се видат кај многу пратеници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми