Олимпискиот факел пристигна во Лондон
21 јули 2012Реклама
Доаѓањето на факелот беше спектакуларно. Војник на британската армија со факелот закачен на појас се спушти од хеликоптер на Лондон Тауер. Факелот преноќеваше во поранешното седиште на кралевите.
Денеска факелот за првпат се носи низ улиците на Лондон. Низ главниот град на Велика Британија тој ќе мине 321 километар. Непосредно пред пристигнувањето на факелот во Лондон, инаку, полицијата уапси еден 17-годишник кој се обидел да и‘ го грабне од раце факелот на жена која го носела.
На крајот на 70-дневното патување на факелот од Атина до лондонскиот Олимписки стадион во Стратфорд, на 27 јули, факелот ќе има зад себе 12.800 километри.