Спорт
Олимписки медали од мобилни телефони
16 февруари 2017![Deutschlandlabor Folge 11 Übungsbild Elektroschrott](https://static.dw.com/image/18847972_800.webp)
Реклама
Еве што велат дел од оние кои беа меѓу првите во редот за предавање на старите мобилни телефони:
„Денеска дојдов бидејќи сметам дека е одлично што мојот стар мобилен телефон ќе биде претворен во медали за Олимписките игри 2020-та.“
„Си помилив: нешто мое од дома ќе стане дел од медалите. Како жител на Токио навистина сум возбуден поради одржувањето на Олимписките игри, на кои ќе присуствувам првпат.“
Гувернерката на Токио, Јурико Коике, ги објаснува причините за проектот:
„Проектот го започнавме со цел да промовираме одржливост, како и да ја поттикнеме свеста за директно вклучување во Олимпијадата во Токио. Навистина е возбудливо што личниот мобилен телефон ќе се претвори во медали за Олимпијадата и Параолимпијадата.“