1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Олимпијада Атина: првиот златен олимписки трофеј за кинеска претставничка

14 август 2004

Прв освојувач на златен медал од олимписките игри во Атина е Ду Ли од Кина, победничка во стреаштво со воздушна пушка. Сребрениот медал го освои Љубов Галкина од Русија, додека бронзениот и‘ припадна на Чехињата Катарина Куркова. На 33-годишната Соња Пфајлшифтер, и недостасуваа уште 2,4 круга до многу посакуваниот прв медал за Германија – та го освои шестото место.

Германските одбојкарки забележаа неочекуван успех против Куба: и покрај водството на фаворитките со 2 спрема 0 во сетови, Германките направија пресврт и победија со 3 спрема 2. Тоа за нив значи голем чекор кон четвртфиналето на олимпискиот одбојкарски турнир.

Во тек е борбата за медали на велоспиедистите во друмската трка. Јан Улрих го брани златото освоено пред 4 години во Сиднеј.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми