1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Олимпијада – биланс на претпоследниот ден

28 август 2004

Германските кајакари освоија уште два златни медали и ја потврдија апсолутната премоќ во меѓународна конкуренција

Кану-легендата Биргит Фишер
Кану-легендата Биргит ФишерФотографија: AP

Во кајак едносед со злато се закити Анреас Дитмар, а во кајак двоец златото го однесоа Роналд Рауе и Тим Визкетер. Сребро во кајак двоец во женска конкуренција освоија Биргит Фишер и Каролин Леонхард, зад унгарскиот двоец. Билансот на германските веслачи е четири златни и три сребрени медали.

Кинеските атлетичари, пак, и вчера ја продолжија жетвата со две злата: спринтерот Лиу Сијанг победи на трката на 110 метри со пречки, изедначувајќи го светскиот рекорд од 12,91 секунда. Овој 21-годишник е прв Кинез кој освоил олимписки медал во атлетика. Неговата колешка Ксинг Хуина пак приреди огромно изненадување победувајќи на трката од 10.000 метри, користејќи се со типична етиопска тактика на следење и непобедлив финиш во последните 100 метри.

Златниот медал во штафетата 4 пати по 100 метри ја освоија атлетичарките на Јамајка, постигнувајќи нов национален рекорд. Втори беа спринтерките од Русија, а трети Французинките.

Русинките апсолутно триумфираа во дисциплината скок во далечина: златото отиде во рацете на Татјана Лебедева со 7 метри и 7 сантиметри. Само два сантиметри помалку скокнаа нејзините колешки Симагина и Котова.

Во скок со стап, пак, двоен триумф на Американците: златниот медал го освои Тим Мек, кој постави и нов олимписки рекорд од 5,95 метри. Сребрениот медал му припадна на неговиот тимски колега Тоби Стивенсон кој остана со висината од 5 метри и 90 сантиметри. За бронзата се избори Италијанецот Ѓузепе Ѓибилиски со 5,85.

Светската рекордерка во фрлање копје Ослеидис Менендес од Куба ја потврди одличната форма освојувајќи го златниот медал и на Олимписките игри и тоа со 71 метар и 53 сантиметри, што е за речиси цели три метри подобро од досегашниот олимписки рекорд. Сребрениот медал и припадна на Германката Штефи Неријус со 65 метри и 82 сантиметри, а бронзата отиде во рацете на Мирела Мањани од Грција.

Кај групните спортови денеска е денот на големото финале. Вчера големо изненадување беше победата на кошаркарите на Аргентина над фаворозираните Американци со 89 спрема 81. Во финалето Аргентинците се среќаваат со Италијанците, кои заслужено го поразија европскиот првак Литванија со 100 спрема 91. Во женското финале на кошаркарскиот турнир денеска се среќаваат репрезентациите на САД и Австралија. Американнките ги поразија Русинките со 66 спрема 62, додека Австралија ја совлада селекцијата на Бразил со 88 спрема 75.

Во футбалското финале се среќаваат Аргентина и Парагвај. Вчера вечер пак се одигра натпреварот за третото место, во кој Италија ја совлада селекцијата на Ирак со 1 спрема 0. Футбалерите носеа црн флор поради убиството на киднапиреаниот италијански новинар во Ирак.

Одбојкарите на Бразил лесно се пласираа во финалето, победувајќи го тимот на САД со 3 спрема 0. Таму фаворизираните Бразилци ги очекува селекцијата на Италија, која ја победи со Руисија исто така со чист резултат од 3 спрема 0.

Финалето на женскиот ракометен турнир ги дочекува Данска и Јужна Кореја. Данките ги совладаа Унгарките уверливо со 29 спрема 20, додека на натпреварот меѓу Јужна Кореја и Франција беше густо до последниот здив. На крајот сепак повеќе нерви имаа Корејките кои победија со еден гол разлика – 32 спрема 31.

Финалето на турнирот во ватерполо носи средба меѓу екипите на Србија и Црна Гора против бранитеклот на олимписката и светската шампионска титула, Унгарија. Србија и Црна Гора ја совладеа синоќа селекцијата на домаќинот Грција со 7 спрема 3, додека Унгарија ги победи ватерполистите на Русија со 7 спрема 5.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми