1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

310710 Gay Games Köln

1 август 2010

Спортска манифестација на суперлативи - во Келн почна Олимпијадата на хомосексуалците, Геј гејмс. Игрите настанаа во 80-тите години како анти-дискриминаторска алтернатива на постоечките спортски натпревари.

Фотографија: Reza Ebadi

Спорт и забава. Успешноста на оваа комбинација ја докажуваат „игрите на хомосексуалците“, Геј Гејмс, уште од 1982 година. Секои четири години во друг град, меѓу другите во Сан Франциско, Њујорк, Сиднеј и годинава - во Келн. Во градот на Рајна е седиштето на најголемото спортско здружение на хомосексуалците во Европа „СЦ Јанус“.

На игрите има 10.000 учесници од 70 земјиФотографија: Andreas Lindemann

Покровител на Осмите меѓународни спортски игри на хомосексуалните спортисти, од 31 јули до 7 август, е германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле. Министерот вчеравечер свечено ги отвори игрите со 10.000 учесници од 70 земји. На отворањето, химната на Геј Гејмс „Facing a miracle“ ја пееше соул пејачката Тејлор Дејн.

Има и анонимни учесници

На програмата на игрите, меѓу другото, се и спортови како фудбал, борење или одбојка, но и боулинг и бриџ. Главна е радоста. Организаторите мораа да преземат специјални мерки, зашто има учесници за кои доколку се дознае дека се хомосексуалци, во нивните татковини им се заканува казна или мора да стравуваат од репресалии, објаснува копретседателот на Геј Гејмс, Михаел Лохаус.

Тејлор Дејн (д.) ја пее химнатаФотографија: Andreas Lindemann

„Голем проблем се, на пример, припадниците на американските воени сили, кои многу стравуваат од тоа нивните имиња да не се најдат на некакви листи, кои можат да се пронајдат на интернет.“

За учесниците од Источна Европа - платени трошоци

Затоа, овие спортисти настапуваат под лажни имиња, комплетно анонимно, дури и на листите на победници. Освен тоа, важат строги правила за фотографирање. Само со вакви предуслови сите учесници можат да се чувствуваат добро, онака како што не можат да се чувствуваат дома многу Источни Европејци. За да се овозможи учество на што поголем број хомосексуалци од Источна Европа, организаторите на Геј Гејмс одлучија да пружат материјална поддршка за 150 спротисти. Ним им се платени трошоците за патување и за пријава на игрите:

Чирлидер-групата на „СЦ Јанус“ вежба пред почетокот на игритеФотографија: picture alliance/dpa

„Намерно ја избравме Источна Европа. Гледаме као учесниците на хомосексуалните паради таму се напаѓани и си рековме: ’Проблемот ни‘ е пред врата и мора да сториме нешто’. На спортистите им овозможивме учество на игрите за да им влееме малку самодоверба, за по враќањето во нивните земји да можат да создадат структури како хомосексуални спортски клубови или да се ангажираат на друг начин за климата за хомсоексуалците да стане подобра, на долг рок.“

Тоа би го радувало „таткото“ на Геј Гејмс, Том Вадел, американски олимпиец во десетобој. Неговата цел гласи - спротска манифестација без дискриминација.

Автор: Франк Герхард / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Горан Чутаноски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми