1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Олимпијада: подвиг на Брита Штефен

З. Јордановски15 август 2008

Прв златен медал за Германија во пливање во Пекинг. Германците „претплатени на злато“ во дресурно јавање екипно. Продолжува „походот“ на Фелпс. Отркиени два нови случаја на допинг.

„Златната“ Брита Штефен во средината, помеѓу Австралијката Лизбет Трикет (лево, сребрен медал) и Американката Натали Кофлин (десно, бронзен медал)Фотографија: AP

Германската пливачка Брита Штефен го освои златниот олимписки медал на патеката од 100 метри слободно, иако за финалето се пласира со шести по вредност резултат од полуфиналните трки. На половина од патеката уште беше на последно место, но со фантастичен финиш стигна до победата. Иастовремено Штефен постигна и европски рекорд во таа дисциплина. Ова е прв златен медал за Германците во пливање на игрите во Пекинг, и прв германски златен олимписки трофеј во пливање за последните 16 години.

Германските претставници освоија златен медал и во дресурно јавање екипно. „Супер-горди сме оти и покрај сите сомневања овде го освоивме златниот медал. Тоа е сензационално“, рече Изабел Верт, дел од тимот во кој беа и Хајке Кемер и Надин Капелман. Од 1976-та година наваму златниот медал во дресурно јавање е „резервиран“ исклучиво за германските претставници!

Борачот во грчко-римски Мирко Енглих освои сребро, откако загуби во финалето од Русинот Чустов, што беше како реприза на финалето од европското првенство годинава. Кристине Бринкер стигна до бронза во стрелаштво во дисиплината глинени гулаби.

Американецот Мајкл Фелпс се закити и со шестиот златен медал на оваа олимпијада победувајќи во пливачката дисциплина 200 метри мешано - како и во претходните случаи, со нов светски рекорд.

Во меѓувреме на олимпијадата се откриени уште два случаја на допинг. На Ким Јонг-Су, претставничка на Северна Кореја, ќе и’ бидат одземени двата медала во стрелаштво. Позитивен тест имаше и една виетнамска гимнастичарка.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми