1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оли Рен: Хрватска (веројатно) до 2010 во ЕУ

1 декември 2006

Еврокомесарот за проширување Оли Рен вчера во Загреб изрази надеж дека Хрватска може да биде подготвена за влез во ЕУ до крајот на оваа деценија – доколку ги исполни потребните услови.

Евро-комесарот за проширување, Оли Рен
Евро-комесарот за проширување, Оли РенФотографија: AP

“Сега е само прашање на временскиот рок дали владата на Санадер и хрватскиот народ ќе ги исполнат сите реформи за да може да се разгледува приемот на Хрватска во ЕУ до крајот на оваа декада“ - порача Оли Рен на заедничката прес-конференција со домаќинот, хрватскиот премиер Иво Санадер.

Наредната 2007-ма ќе биде многу важна за Хрватска, бидејќи ќе треба да го задржи темпото на реформи, иако ја очекуваат парламентарни избори. Домаќинот Иво Санадер на нагласи решеноста на неговата влада да продолжи со реформите и уште вчера, на седницата на која прируствуваше Рен, донесе шест нови закони.

“Очекувам дека отворањето на поглавјата во преговорите ќе се забрзаат во наередните месеци и дека ќе бидеме поефикасни од до сега - сите заедно.“

Евро-комесарот за проширување Оли Рен пак нагласи дека до крајот на оваа деценија ЕУ би морала да ја заокружи и реформата на сопствените институции. Тоа би требало всушност да се случи што е можно побрзо, најдобро веќе во 2007. или 2008-та година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми