1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Олмерт замешан во поткуп – судството молчи

7 мај 2008

Во Израел се множат шпекулациите за оставка на премиерот Ехуд Олмерт. Причина: полициската истрага против него поради вмешаност во корупција. Американскиот весник „Њујорк пост„ пишува за скандал со поткуп.

Ехуд Олмерт набргу може да не биде премиерФотографија: AP

Полицијата молчи, истражниот судија исто така, а судот во Ерусалим го оправдува нивното молчење. Аферата Олмерт не смее да ја наруши прославата на израелскиот ден на независноста што почнува денеска. Во секој случај, до тогаш нема да биде укината забраната за информации вели државниот судија Моше Ладор:

„Никаква проценка или став од ваша страна не може да се потрпе врз ништо. Информациите се уште не се толку цврсти ниту кај оние што ја обработуваат аферата. Затоа ќе биде уште помалку важно ако вие информирате за нешто за што не ги познавате фактите„.

Единствената информација што ја даде судот за јавноста е дека во врска со истрагата во случајот Олмерт, властите побарале исказ од еден странец. Тој би можел да биде американскиот инвеститор Морис Талански. Весникот „Њујорк пост„ на неговата интернет страница информира дека Талански му префрлил пари на Олмерт кога тој бил градоначалник на Ерусалим во 90-десеттите години. Според весникот, Талански би можел да биде главниот сведок за израелското обвинителство. Каков интерес имал Талански кога наводно му дал пари на Олмерт, не знае ниту весникот, освен што неговите информанти му потврдиле дека станува збор за големи пари.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми