1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Олмерт се надева на мировен договор во 2008

20 ноември 2007

*

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт денеска во Шарм Ел Шеик по разговорите со египетскиот претседател Хосни Мубарак изјави дека во наредната година може да биде постигнат мировен договор со палестинците. Олмерт отпатува во Египет за да добие поддршка од Мубарак за планираната конференција за блискиот исток во САД. Арапските земји изјавија дека ќе учествуваат на конференцијата во Анаполис, само доколку на нејзе се разговара за сите отворени прашања. Израелскиот премиер Олмерт и палестинскиот Абас и на вчерашната средба не договорија заедничка линија со која треба да настапат на Конференцијата. Се уште остануваат отворени прашањата за разграничувањето, статусот на Ерусалим и палестинските бегалци. Земјите од Арапската лига во петок ќе одлучат дали ќе учествуваат на конференцијата. САД ги поздравија најавите на Израел за ослободување на 441 палестински затвореници и стопирање на изградба на нови израелски населби на Западниот брег

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми