1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Омикрон донесе рекорден број заразени во Германија

ЕМФ | агенции
12 јануари 2022

Бројот на новоинфицирани со коронавирус во Германија во моментов се движи само во една насока - високо угоре!

Symbolbild Omikron Corona-Variante B.1.1.529
Фотографија: Klaus-Dieter Esser/agrarmotive/picture alliance

Со брзото ширење на сојот Омикрон, бројот на новоинфицирани со коронавирус во Германија се зголемува екстремно брзо. Институтот „Роберт Кох“ соопшти дека бројот на заразени во последните 24 часа првпат го надмина прагот од 80.000! Институтите за јавно здравје, имено, пријавиле 80.430 новоинфицирани лица за 24 часа. Пред точно една недела тој број беше 58.912.

Новата варијанта на коронавирусот важи за многу позаразнаод Делта-сојот. Експертите сметаат дека целосната имунизација дава послаба заштита од зараза со Омикрон отколку што тоа беше случај со претходните варијанти, но затоа заштитата од тежок тек на болеста е и натаму добра. Се препорачува бустер доза од вакцината против Ковид.

Експертите препорачуваат бустер-доза од вакцината против Ковид-19Фотографија: Michael Sohn/AP Photo/picture alliance

Одделенијата за интензивна нега засега не се во критична ситуација поради Омикрон-бранот. Експертите меѓутоа очекуваат со порастот на бројот на заразени да се зголеми и притисокот во болниците.

- повеќе: Делтакрон: Нов сој на коронавирусот или лабораториска грешка?

Според мислењето на водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи, Омикрон порано или подоцна ќе ги погоди сите: „Со невообичаената и досега невидена ефикасност на пренесување, Омикрон на крајот ќе го пронајде секого“, изјави тој. Според него, со Омикрон ќе се заразуваат и вакцинираните, но најголемиот дел од нив нема да има тежок тек на болеста. Најтешко ќе бидат погодени оние кои досега не се вакцинирани, вели Фаучи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми