Омикрон со „голема веројатност“ пристигна и во Германија
27 ноември 2021![VAE Passagiere warten auf Flug nach Frankfurt](https://static.dw.com/image/53032500_800.webp)
Хесенскиот министер за социјала Каи Клозе денеска изјави дека кај патник кој ноќеска пристигнал од Јужна Африка на аеродромот во Франкфурт, пронајдени се повеќе вирусни мутации типични за варијантата Омикрон. „Постои висок степен на сомнеж. Засега уште не е готово секвенцирањето“, напиша политичарот на Твитер.
Инфицираниот патник се наоѓа во домашна изолација.
За сомнителен случај на новиот сој Омикрон јави и Чешка. Бројни земји во светот, алармирани поради појавата на новиот корона сој, воведоа ограничувања за влез на патници од Јужна Африка.
Светската здравствена организација го сврсти Омикрон во категоријата „загрижувачки“, што значи опасност од полесно пренесување и потежок тек на заболување. Се стравува дека постојните вакцини можеби не се доволно ефикасни против новомутираниот вирус кој првпат се појави во Јужна Африка. Во Европа негово постоење засега е докажано во Белгија.