ОН вршат увид во воениот арсенал од под шеќерните вреќи
13 август 2013Инспектори на Обединетите нации од денеска (13.08.) го проверуваат севернокорејскиот товарен брод (на насловната фотографија), кој пред четири недели беше стопиран кај Панамскиот канал. Бродот носеше оружје од Куба за Северна Кореја и беше запрен во пристаништето Манцанило на влезот на Панамскиот канал.
Под вреќите со шеќер, кој ги превезуваше товарниот брод, инспекторите пронајдоа воен арсенал: два системи за противвоздушна одбрана, делови за ракети, два авиона од типот МиГ-21 и 15 погонски механизми за џетови, сето застарена воена технологија од Советско време. Владата во Хавана соопшти сека материјалот требало да биде поправен во Северна Кореја и потоа би требало да биде пратен назад кон Куба. Експертите се сомневаат, дали може да му се верува на ова објаснување на кубанската влада.
Испораката од Куба кон Северна Кореја е тешко кршење на санкциите на ОН против Пјонгјанг. Резолуцијата на ОН имено забранува испорака на оружје за Северна Кореја. Исто така резолуцијата забранува и размена на техника и на услуги во воената област со осиромашената земја, која сака да се презентира како атомска сила.