1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГлобално

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Штефан Штикелман
30 јули 2020

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон ова малцинство кај дел од корисниците на социјалните медиуми.

Deutschland Protest gegen Verfolgung von Sinti und Roma
Протести на Синти и Роми во Берлин (архивска фотографија)Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Schuh

Обединетите Нации забележуваат зголемување на кривичните дела поврзани со омраза кон Ромите. Расистичките предрасуди и дискриминацијата се повторно зголемени во време на корона, соопшти во Женева специјалниот ополномоштеник на ОН за малцински прашања, Фернанд Де Варенес.

На втори август светот ќе се потсети на жртвите Синти и Роми во времето на националсоцијалистичкиот режим во Германија (1933-1945). Во времето на холокаустот, според проценките, биле убиени од 200.000 до 500.000 припадници на ова малцинство. Само во ноќта помеѓу 2 и 3 август 1944 година во гасните комори во логорот Аушвиц-Биркенау биле убиени речиси 3000 Роми.

Денот на сеќавање треба да се искористи за жртвите повторно повеќе да се најдат во фокусот на јавноста и за да се отфрли секаков вид на расизам, бара Варенес: „Дехуманизацијата и клеветењето на Ромите кои во минатото воделе кон вакви грозоморни дела, не смеат да продолжуваат во поинаков облик, како хушкање во социјалните медиуми“, изјави специјалниот ополномоштеник на ОН за малцински прашања. Де Варенес ги повика владите на сите земји да сторат се’ за Ромите да можат да живеат како рамноправни членови на општеството.

#dw_BalkanBooster: „Расизмот е системски“

02:41

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми