1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН: ИД користи илјадници како „човечки штитови“ во Мосул

СН /дпа,афп,ртр
28 октомври 2016

Исламска држава користи десетици илјади луѓе како човечки штитови во Мосул додека кон градот се приближуваат единиците на ирачката армија, соопшти денеска Високиот комесаријат за човекови права на ОН.

Symbolbild Islamischer Staat Propaganda Video Still
Фотографија: picture-alliance/abaca

Во близина на Мосул припадниците на таканаречената Исламска држава егзекутирале најмалку 232 лицa во текот на оваа недела, откако трае офанзивата на ирачката војска за освојување на градот, изјави во Женева портпаролката на Високиот комесаријат за човекови права на ОН.

Информациите говорат за „егзекутирање на 232 лица со куршуми во средата на 26 октомври. Меѓу жртвите се и 190 поранешни ирачки официри на безбедносните сили“, изјави Равина Шамдасани.

Овие информации биле потврдени колку што било можно, додаде Шамдасани истакнувајќи дека вкупниот број на убиени луѓе би можел да биде далеку поголем.

Портпаролката на овој комесаријат на Светската организација изјави дека убиствата биле изведени додека ИД спроведува стратегија со која ги принудува жителите од подрачјата во близина на Мосул да се соберат во градот, последното големо упориште на терористичката милиција во Ирак.

Фотографија: Reuters/A. Lashkari

Високиот комесаријат за човекови права додава дека постојат индиции дека џихадистите  луѓето  ги искористат како „човечки штитови“ во битката за Мосул против елитните ирачки сили, кои се поддржани од страна на САД, кои бомбардираат позиции на терористичката група во овој ирачки град.

„Ова е кукавичка стратегија да се имунизираат одредени подрачја од воени дејства“, беше соопштено од канцеларијата на Високиот комесаријат.

Американски генерал претходно соопшти дека меѓу 800 и 900 борци на ИД загинале од почетокот на копнената офанзива на ирачките сили за освојување на Мосул на 17 октомври.

„Проценуваме дека најверојатно загинале меѓу 800 и 900 борци на ИД во текот на операциите започнати пред една недела“, изјави генералот Џосеф Воутел, кој раководи со Централната команда на американската војска.

Според проценките 1,2 милиона цивили, вклучително и 600 илјади деца се заробени во градот. Мосул е под контрола на ИД од средината на 2014 година.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми