ОН-Иран
25 март 2007Реклама
Советот за безбедност синоќа во Вашингтон едногласно ја усвои одлуката за воведување нови санкции кон Иран. Резолуцијата, која ја предложија Франција, Велика Британија и Германија предвидува замрзнување на банкарските сметки на 13 компании, ембарго на испораката на оружје од земјата и визни ограничување за сите лица кои се поврзани со процесот на збогатување на ураниум. Советот за безбедност го повикува Техеран на нови преговори. Доколку Иран во наредните 60 денови не го запре нуклеарниот процес советот за безбедност ќе ја разгледува можноста за проширување на санкциите. Иранскиот министер за надворешни работи Манохер Мотаки изјави дека новите санкции нема да влијаат врз политиката на Техеран.