1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН и Флик во фокусот на германскиот печат

22 септември 2004

Германските весници денеска пишуваат за генералното собрание на ОН но и за отварањето на конторверзната зложба на Фридрих Флик

Флик и Шредер на отварањето на изложбата во Берлин
Флик и Шредер на отварањето на изложбата во БерлинФотографија: AP

На почетокот на генералното собрание, генералниот секретар на ОН Кофи Анан опомена дека се повредуваат човековите права во Ирак Франкфурстскиот " Ноје Пресе" коментира:

" Кофи Анан има право кога ги опоменува светските полицајци од Америка, да се придржуваат до законот, имено во 21 век не треба да има моќ без право. Но важи и обратно: Нема право без моќ. И за најдобриот закон потребен е некој кој ќе го спроведе. Токму поради тоа Обединетите Нации и Европејците уште долго време ќе имаат потреба од силна Америка" убеден е весникот "Ноје Пресе".

За "Нордвест -Цајтунг" од Олденбург изјавите на Анан не се знак за силина: "Кога генералниот секретар на Обединетите Нации во рок од кратко време повеќепати жестокот ја напаѓа САД поради политиката во Ирак, станува јасно, дека човекот од Гана е на крајот со своите дипломатски решенија. Сите опомени на адресата на американската влада, заеднички со а не против Обединетите Нации да се реши ирачкиот проблем, од Вашингтон се фрлени во воздух. Постои закана да пропадне обновата на Ирак, веќе станува збор и за граѓанска војна. Во оваа ситуација не можат да се одбијат Обединетите Нации" заклучува " Нордвест - Цајтунг"

"Франкфуртер Рундшау" бара можности за излез од кризата и смета дека на потег е Европската Унија

"Како ќе изгледа Ирак на крајот, денеска никој не сака да зборува. Тоа во моментов и не е најважното. Повеќе станува збор за тоа да се иницира политички дијалог со сите учесници, без разлика дали сеуште пукаат едни на други. Секој припаѓа на масата. Европската Унија би имала добри изгледи ова да го подготви во соработка со арапската лига и ОН . Но ова би успеало само ако Берлин и Париз нивното одбивање на војната го претворат во активно барање на мировно решение. Покрај тоа би било големо пријателско олесување за Америка." гласи заклучокот на "Франкфуртер Рундшау"

Дневниот весник "Ди Велт" ја коментира поддршката на изложбата Флик од страна на германската влада

"Тоа е повеќе отколку пијателство меѓу две личности, што германскиот канцелар Герхард Шредер не и даде тежина на изложбата само со неговото присуство на отварањето туку и преку еден говор. Шредер ја искористи таа пригода по контроверзиите за овој изложбен проект повторно да испрати историско - политички сигнал и јасно да покаже што припаѓа во неговите координати на канцеларскиот мандат: имено убедувањето дека за Германија е можно и дека е време да излезе од текот на минатото."

По повод вчерашнотот отварање на оспоруваната изложба во Берлин, во која се претставува збираката на Фридрих Кристијан Флик "Зидвест пресе" од Улм смета дека Флик мора да прифати јавна дискусија пред се поради

" Прашањето дали неговите богатства неможат да се извалкаат во политичка смисла, бидејќи во поголемиот дел се добиени од богатство, за кое дедото Фридрих основата ја постави во служба на Хитлер и на грбот на илјадници принудни работници и прашањето дали со берлинската изложба не станува збор само за усреќување на човештвото туку и за качувањето на вредноста на неговата збирка."

"Лаузицер Рундшау" од Котбус за милионското наследство забележува

"Тој се дистанцира од воените злосторства на неговиот дедо, со кои нема ништо заедничко и за кои немора да се извини. Како што вели самиот, никој не може да му ја одземе одговорноста за семејната приказна во времето на Национал - Социјализмот. Доколку ја прифател и како неговите браќа и сестри плаќал во фондовите за обештетување за принудните работници, најверојантно и неговиот ангажман во уметноста би бил поинаку вреднуван" шпекулира "Лаузитцер Рундшау"

Во "Вестфелише Анцајгер" од Хам се вели

" Во оваа игра со моралот не може да има победници" : Што и да прави Флик нема да ги задоволи неговите критичари. Но и на принудните работници не им користи оваа ригорозност. Точно е: Флик би можел да помогне, да се намали болката на последните преживеани жртви од времето на Национал Социјализмот. Би можело да се бара. Но каква е врската со презентацијата на една уметничка збирка?" прашува весникот

За "Аугсбургер Алгемајне" Берлин е токму погодното место за оддржување на изложбата:

" Во овој град како никаде на друго место може да се зборува за темните и светлите моменти на германската историја. Едното не го исклучува другото - да се покаже збирката на Флик и да се тематизира заплетканоста на неговото семејстцво во Наци - режимот, да се слави уметноста и да се мисли на принудните работници " се пишува во "Аугсбургер Алгемајне"

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми