ОН-Косово
9 октомври 2007Реклама
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за ситуацијата на Косово по извештајот на гернералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и шефот на УНМИК во покраината Јоахим Рикер. Претставникот на ЕУ во преговарачката тројка Волфганг Ишингер по разговорите во Москва со руското раководство, изјави дека постојат шанси за договор меѓу Белград и Приштина, со помош од меѓународната тројка. Ишингер смета дека ЕУ ќе остане единствена, без разлика на резултатот од преговорите. На тема Косово денеска во Москва ќе разговараат претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Никола Саркози.