ОН-мир на дипломатскиот паркет околу Ирак
8 јуни 2004.
Берлинскиот весник “Ноес Дојчланд” за новата ирачка резолуција пишува:
Франција и Русија до крај инсистираат во расправата за резолуцијата на што е можно поскоро повлекување на војниците на коалицијата и на посилна контрола врз самиот Багдад.Германскиот канцелар Герхард Шредер ги намали критиките на сметка на самата војна и на окупацијата на Американците на Ирак. Кога претседателот Џорџ Буш вечер на Си Ајленд ќе може да објави дека е усвоена новата резолуција за Ирак во Советот за безбедност на ОН со мали отстапки,во големата битка за превласт за нафта на Средниот исток добил многу.
На западниот брег на Атлантикот наредниве денови ќе владее одушевувањето од драгото атланско партнерство.Но,меѓу одушевувањето од одбележувањето на истоварувањето на сојузниците во Нормандија деновиве и говорите што ќе следат на почетокот на самитот на групата земји Г 8 вечер во САД постои длабок јаз.Тој е присутен било да станува збор за ирачката војна,меѓународниот кривичен суд,протоколот за климата,превентивните војни или разоружувањето,констатира “Ноес Дојчланд”.
“Меркише одерцајтунг“ од Франкфурт во денешниот коментар истакнува:
Секако дека и усвојувањето нова резолуција за Ирак во Советот за безбедност на ОН не е гаранција за запирање на спиралата насилство.Никој не може да тврди дека предавањето на власта во предвидениот рок навистина ќе има успех.Ирачаните никогаш не ни веруваа дека до крајот на 2005 година ќе располагаат со ефективна безбедносна структура.Останува отворено прашањето дали земјата нема да се распадне поради длабоките политички,етнички и религиозни спротивности.Поради тоа не постои причина да им се аплаудира ниту на заговорниците на војна ниту на нејзините противници кога на самитот на Г8 вечер ќе ги запалт лулињата на мирот.Во Ирак ситуацијата сеуште е експлозивна,заклучува “Меркише одерцајтунг.”
Пооптимистички гледа коментаторот на весникот “Лаузитцер рундшау” од Котбус.
Барем на дипломатскиот паркет повторно се врати мирот кога е Ирак во прашање,заклучува тој и продолжува:
Основата за овој договор е надежта дека на луѓето во Ирак за релативно кратко време ќе им успее да ја земат повторно судбината во свои раце.Притоа овојпат сите предвидоа дека не е доволно само да се симне од власт некој диктатор и да се има надеж во силата на опоравување на напатената земја.Наводно првенствено станува збор на луѓето во Ирак да им се подготви пат кон иднината која сами ќе ја одредуваат.Но навистина стана очигледно дека сега веќе никој не сака да се ангажира.Она што почна,тоа е што е можно побрз бег на сите од одговорноста,забележува “Лаузитцерцајтунг”.
“Тирингералгемајне” од Ерфурт нагласува дека четвртата верзија на резолуцијата во споредба со идеалните претстави на Американците е само програма во нужда:
Тоа што САД беа подготвени четири пати да го преработат својот нацрт на резолуцијата ,го оддава фактот колку се силно под притисок на времето.Претседателот Буш сака по секоја цена на 30 јуни да се повлече од првата линија на боиштето.Тогаш барем дома во предизборната борба ќе може на ирачката влада да и ја префрли одговорноста за она што може да се случи,мисли “Тирингер алгемајне”.
“Хановерише алгемајнецајтунг“ се осврнува на европско американските односи:
Конечно на двете страни на Атлантикот се придвижени коректурите,кои веќе одамна требаше да бидат направени.Негодувајќи,Американците се враќаат во меѓународниот контекст.Излетот во сивиот опасен свет на соло акции сега веројатно е завршен.Негодувајќи и Европејците соучествуваат во обновата на Ирак. Новиот Ирак,ако сите страни добро се потрудат,навистина би требало да биде нешто како пример-модерно плус ислам плус благосостојба плус праведност,коментира Хановерише Алгемајнецајтунг”.
Германските весници денеска пишуваат и за постигнувањето единство но во Германија меѓу сојузната држава и покраините на една внатрешна тема-елитните универзитети.Весникот “Либекер нахрихтен” тоа вака го коментира:
Сојузните покраини се согласија околу целните барања за поддршка на исклучителните истражувања и науката.Веќе самото тоа е успех за нашата држава со оглед на тоа што токму во образованието постојат бизарни форми.Тоа секако е и признание дека мора да бидеме подобри.Имаме многу паметни и способни научници,а ним им е потребен простор за да се развијат,смета “Либекер нахрихтен”.
Весникот Манхајмер морген дополнува:
Компромис кој не можеше да биде потипичен-сојузната држава која сака повеќе врвно,покраините кои стравуваат околу своите компетенции и бараат поголема ширина,за на крајот да добиеме скалест врв со повеќе мали врвови околу него,заклучува "Манхајмер морген.”