ОН не го официјализираа предлогот Република Македонија-Скопје
12 април 2005Министерот за надворешни работи на Македонија Илинка Митрева, предмалку соопшти дека Македонија останува на ставот за употреба на уставното име во севкупната меѓународна комуникација. Кованицата Република Македонија-Скопје за Митрева и владата е неприфатлива, исто како и секој друг предлог различен од уставното име на Македонија. Митрева нагласи дека суверено право на секоја држава, според начелото за еднаквост од повелбата на ОН, е самостојно да одлучува за името и идентитетот. Република Македонија Скопје, за кој грчката страна уште во петокот го соопшти како наводен предлог на Метју Нимиц, според Митрева може да биде само основа за конструктивни разговори за решение ви билатералните комуникации. Ваквиот став веќе претходно го искажаа и македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Владо Бучковски.
Високиот преставник на Унијата Хавиер Солана во разговор за емисијата „Зебра„ изјави дека прашањето мора да биде решено. Обраќајќи им се на како што вели на Македонците, не на Грците, Солана изрази уверување дека Македонија ќе ја прифати позицијата на генералниот секретар на ОН, чиј предлог им бил доставен на двете страни.