1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН не постигна договор за Сирија

2 август 2011

Поради продолжувањето на нападите со тенкови врз сириската опозиција Советот за безбедност на ОН повторно расправаше за ситуацијата во Сирија по барање на Германија.

Сириската опозиција протестира со месециФотографија: AP

На седницата на Советот за безбедност што се одржа зад затворени врати Западните држави поднесоа нова предлог-резолуција, во која се осудува насилното гушење на протестите. Досега на ваквата формулација и’ се противеа Русија и Кина, како земји со право на вето, но и неколку други членки на Советот, како Индија, Бразил и Јужноафриканската Република. Наспроти растечкиот меѓународен притисок и почетокот на светиот месец на пости за муслиманите, сириската армија ја продолжи офанзивата во градовите каде има поголем број приврзаници на опозицијата. Информации за жртви и повредени пристигаат од повеќе градови, меѓу нив и од Хама, Забадани, Деир ал Зор и Ербин.

Автор: ГЧ/СН/дв

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми