1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН размислуваат за нова стратегија за Косово

21 септември 2004

Под овој наслов весникот “Тагесшпигел” од Берлин пишува дека генералниот секретар на светската организација Кофи Анан врши притисок за брзо разјаснување на идната стратегија на Западот во однос на Косово. Оттука и кусорочно свиканата вчерашна средба во Њујорк на министрите за надворешни работи на контакт-групата за Косово и консултациите во врска со извештајот на норвешкиот дипломат Каи Еиде, во кој с

� става под прашање досегашната стратегија “стандарди пред статус”. Во написот се прави и пресек на актуелните ставови пред се‘ во германската политика во однос на идната стратегија за Косово.

“Критиката на концептот е се‘ погласна: претседателот на Воениот комитет на НАТО Харалд Кујат во неделата за Дојчландфунк изјави дека не е можно ’таму со децении да бидат стационирани војници и земјата да се држи во лебдечка состојба‘. Министерот за одбрана Петер Штрук за ’Зиддојче цајтунг‘ изјави: ’Без решение на прашањето за статусот и гарантирањето на најважните правни стандарди, таму ќе нема мир‘. За проштевање од принципот лансиран од Михаел Штајнер, поранешен советник на канцеларот, во времето додека беше шеф на мисијата на ОН на Косово – УНМИК, кој засега исклучува разјаснување на статусот на на протекторатот што меѓународно-правно и натаму припаѓа кон Србија и Црна Гора, на викендот се искажаа и водечки социјалдемократски пратеници. Така, надворешнополитичкиот претставник на фракцијата Герт Вајскирхен побара ’процесот да се паралелизира‘. Според него, преговорите за статусот меѓу српската влада и раководството во Приштина би можеле да започнат веќе по парламентарните избори на Косово на крајот на октомври. Во противпотег за можна независност на Косово, на Белград би можела да му биде понудена ’посилна и побрза интеграција во Европската Унија‘, рече Вајскирхен за ’Тагесшпигел‘ на маргините на една манифестација на фондацијата Фридрих Еберт во Дубровник. И социјалдемократската пратеничка Ута Цапф го означи како ’апсолутно неизбежно зафаќањето со прашањето за независност‘.

Со својата промена на курсот во досега стриктно на ’стандарди пред статус‘ ориентираната политика спрема Косово, пратениците на СПД се поставија против позицијата на министерот за надворешни работи Јошка Фишер, кој уште пред две недели предупреди од напуштање на сегашната стратегија. ’Јас не можам да осознаам некаков конфликт во сојузната влада‘, сепак рече заменик-шефот на фракцијата на СПД Гернот Ерлер. Но, и Ерлер ја повика меѓународната заедница решението на прашањето за статусот на Косово да го поврзе со разјаснувањето на иднината на Србија и Црна Гора, Македонија и на Босна и Херцеговина. ’Тоа мора да се случи во 2005-та година‘. Тој не исклучи ни промена на границите.

При една посета на Сараево потпретседателот на фракцијата на партиите на Унијата Волфганг Шојбле се искажа за решение на проблемите во Косово, ’што мора да биде изнајдено во согласност со сите страни‘. Тој истовремено искажа сомневање дека откажување од стратегијата ’стандарди пред статус‘ е вистинска поставка за разјаснување на конфликтот: ’Според мое мислење, голема заблуда е да се верува дека напросто со независноста ќе бидат решени и проблемите‘. При посетата на пратеникот на ОН за Косово Сорен Јесен Петерсен и на премиерот на Косово Бајрам Реџепи во изминатата недела се покажа дека ЕУ не сака да прави никакви отстапки во напорите околу стандардите” – се вели на крајот на текстот во весникот “Тагесшпигел”.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми