1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

ОН: Руските напади носат „хорор“ во Украина

СН/агенции
22 април 2022

Се множат индикациите за злосторства во војната во Украина, истакна денеска високата комесарка на ОН за човекови права. Таа ги повика Москва и Киев да им наредат на своите војници да го почитуваат меѓународното право.

Инспекторите на ОН документирале убиства, вклучувајќи и егзекуции по куса постапка, врз 50 цивили во градот Буча
Инспекторите на ОН документирале убиства, вклучувајќи и егзекуции по куса постапка, врз 50 цивили во градот Буча Фотографија: Zohra Bensemra/REUTERS

Челничката на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, Мишел Бачелет денеска ги осуди руските воени дејствија во Украина како катастрофални за цивилното население. Многу напади на руските војници носат „хорор“ за луѓето и наликуваат на воени злосторства, изјави денеска Високата комесарка за човекови права на Светската организација 

Таа предупреди дека има сѐ повеќе назнаки дека во текот на руската инвазија врз Украина, започната на 24 февруари, биле извршени злосторства. 

„Во последните 8 недели не само што е игнорирано меѓународното хуманитарно право туку тоа едноставно е отфрлено“, соопшти високата комесарка на ОН за човекови права, Мишел Бачелет.

Високата комесарка на ОН за човекови права, Мишел БачелетФотографија: picture-alliance/dpa/Agencio Uno/S. B. Gaete

На редовниот брифинг на Високиот комесаријат на ОН за човекови права во Женева портпаролката Равина Шамдасани изјави дека руските вооружени сили неселективно бомбардирале и гранатирале населени зони, убивајќи цивили и уништувајќи болници, училишта и друга цивилна инфраструктура, во бројни акции кои би можеле да претставуваат воени злосторства. „На судот е на крајот да одлучи, но има сѐ повеќе докази дека се направени воени злосторства“, нагласи таа.

Повеќе: Проверка на факти: Во Буча нема „живи“ лешови

Бачелет рече, индиректно обвинувајќи ја Русија, оти она што е видено во Краматорск, во зоната под контрола на украинската влада, на 8 април кога касетни бомби ја погодија железничката станица и кога настрадаа 60 цивили, а 111 беа ранети, е типично за непочитување на принципот за разликување меѓу цивили и војници, забрани за спроведување на неселективни напади и принципи на претпазливост кои се запишани во меѓународното хуманитарно право.

Страшни глетки на железничката станица во Краматорск по руското гранатирањеФотографија: Ukrainian President Volodymyr Zelenskyy's Telegram channel via AP/picture alliance

Портпаролката на оваа агенција на ОН не исклучи дека украинската страна, исто така, го прекршила хуманитарното право во некои случаи, но рече оти многу повеќе прекршоци се припишуваат на руските сили, па и убиства и егзекуции.

Шамдасани уште рече дека инспекторите на ОН на 9 април документирале убиства, вклучувајќи и егзекуции по куса постапка, врз 50 цивили во градот Буча во близината на Киев. Москва ги отфрла овие обвинувања.

 

  

Буча: Сè повеќе докази за злосторства врз цивилите

01:44

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми