Киев: Продолжуваат преговорите за војниците во Азовстал
СН/агенции
13 мај 2022
Со меѓународна поддршка, украинското раководство ги продолжува напорите за спасување на војниците во опколената челичарница Азовстал во Мариупол. Роднините на војниците во Киев уште еднаш апелираа за нивна евакуација.
Реклама
Според украински информации руските сили продолжиле да ја бомбардираат челичарницата во јужниот пристанишен град Мариупол, последното упориште на украинските борци во градот кој речиси во целост е под руска контрола по повеќе од два месеци опсада.
Роднините и симпатизерите на украинските бранители во челичарницата Азовстал повторно излегоа на улиците на Киев и повикаа на засилени напори за нивно спасување. Вчера демонстранти, главно жени, маршираа во центарот на Киев, држејќи транспаренти и скандирајќи „Да се спасат бранителите на Мариупол, да се спаси Азовстал“, „Слава на хероите во Мариупол“ и „Да ја спасиме војската во Азовстал“.
Евакуација од челичарницата во Мариупол
01:41
Официјален Киев пак соопшти дека продолжуваат разговори со Москва за планот за спасување на тешко ранетите војници од Азовстал. Потпретседателката на украинската влада, Ирина Верешчук, изјави дека и Турција се согласила да посредува во преговорите.
Верешчук истакна дека Украина сака да биде потпишан документ за тоа како точно ќе се одвива евакуацијата од Азовстал и оти се подготвува потпишување. Таа додаде дека, пред сѐ, станува збор за тешко ранетите, а Турција е подготвена да стане посредник во тие преговори.
Според Верешчук, Украина претходно им дала мандат за посредување во преговорите на претставниците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и на ОН.
Мариупол, градот кој не се предава
Во четвртата недела од руската агресија врз Украина, нападите врз цивилното население се засилуваат. Додека оние кои можат бегаат од Мариупол, Киев одбива предавање на опколениот град.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Егзодус од Мариупол
Изминатата недела, десетици илјади луѓе се обидуваат да избегаат од уништениот град Мариупол. Од почетокот на војната, стратешки важниот јужен пристаништен град е соочен со непрекинато бомбардирање и ракетни напади, голем дел врз цивилни цели. Според руски извори, околу 130.000 од 440.000 жители на градот и натаму се во него.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Уништен град
По четиринеделно непрекинато бомбардирање, во градот повеќе не може да се живее. Според градската администрација, 80% од становите се уништени. Многу фотографии од Мариупол прикажуваат уништени или изгорени станбени згради, како оваа на руската државна агенција Тасс.
Руските напади врз цивилни цели во Украина наведоа повеќе западни политичари да зборуваат за руски „воени злосторства“. Меѓу нив се германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок и шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел. Борел рече дека Русија ја уништува Украина без никаква почит за правилата на војување.
Фотографија: REUTERS
Русија тврди дека напаѓа само стратешки цели
Русија тврди дека напаѓа само стратешки и воени цели. Москва ја обвинува украинската единица „Азовски баталјон“ за ракетирањето на театарот во Мариупол. Стотици луѓе се спасија од урнатините, благодарение на бункер во подрумот на театарот, кој сега е целосно уништен.
Проруските сепаратисти, кои го контролираат регионот Доњецк во источна Украина, ги набљудуваат излезите од градот. Тие се отворени само за невооружени цивили кои сакаат да си заминат од градот.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
„Евакуирани“ на непријателска територија
Оваа фотографија, објавена од руската државна агенција Тасс, прикажува луѓе евакуирани од Мариупол во окупираниот Доњецк. Русија тврди дека сака да им обезбеди заштита на украинските бегалци. Градскиот совет на Мариупол, пак, ја обвинува Русија дека им дозволува на сепаратистите насила да ги одведуваат украинските бегалци во Русија.
Мариупол не е единствениот украински град погоден од руските напади. Во северна и источна Украина, ракети и гранати непрекинато паѓаат врз големи градови како Суми, Харков и Киев. Ова се остатоците од трговски центар во Киев откако беше погоден од руски проектил. Четири лица загинаа во нападот.
Фотографија: Daniel Ceng Shou-Yi/ZUMAPRESS/picture alliance
Ukraine rejects surrender of Mariupol
On Sunday, Russia had given Ukraine an ultimatum to surrender Mariupol by Monday afternoon. Ukraine rejected the demand. Instead, thousands of civilians again left the city, which the Ukrainian government says is under continuous fire. According to Russian separatist leader Denis Pushilin, the battle for Mariupol could last weeks longer.
Целта, според украинската вицепремиерка е евакуација во неколку фази - прв приоритет е спасувањето на 38 тешко ранети бранители од Азовстал. Ако ова функционира, „тогаш продолжуваме понатаму“, истакна Верешчук, додавајќи дека меѓу другото, Украина е подготвена да размени руски воени заробеници за ранетите украински војници во Азовстал.
Русија досега одбиваше каква било евакуација и бара капитулација на Украинците вочеличарницата.