1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опасна герила тактика на десните екстремисти во Германија

Ханс Фајфер
31 август 2020

Десни екстремисти и деснопопулисти се обидоа да навлезат во Рајхстагот во рамки на корона-протестите. Конкретната закана е можеби мала, но долгорочната сѐ поголема, смета Ханс Фајфер.

Deutschland Berlin Protest gegen Corona-Maßnahmen
Фотографија: Reuters/C. Mang

 

Акцијата личи спонтана и делумно некоординирана: голем дел од масата ја пробива заштитната ограда пред Рајхстагот во Берлин, јуриша кон скалите и се втурнува во насока кон стаклената влезна врата. Веат знамиња на Германскиот Рајх – знаме на антидемократите – и ги извикуваат своите пароли.

„Бурата“ завршува брзо. Демонстрантите ѝ дозволуваат на полицијата да ги стави под контрола и да ги провери. Останатите полицајци се движат по скалите и го расчистуваат просторот. Значи не е толку лошо како што си помисливте? Напротив! Десните екстремисти во Германија веќе подолго време си го спроведуваат планот.

Многу од современите десни екстремисти покажуваат една нова особина: имаат трпение. Тие не се обидуваат со сета моќ да го окупираат Рајхстагот. Ним им се доволни и симболичните слики од обидот за тоа и развеаните знамиња на нивните поддржувачи.

Со тоа ги мотивираат своите луѓе, а остатокот од општеството си мисли: „Ништо страшно не се случи.“ Ваквиот впечатот покажува колку се опасни плановите на десните екстремисти: тие ги избегнуваат „грешките“ кои во последните децении повеќепати им стоеа на патот на нивната алчност за моќ и важност.

Пресметано разочарување

Најважната цел на мажите и жените пред Рајхстагот всушност не е навистина да го окупираат Рахјстагот. Не, тие сакаат да го предизвикаат токму она што сега се случи: голем бран на разочарување. Членовите на владата, пратеници, па и претседателот најостро го осудија настанот.

Ханс ФајферФотографија: DW/B. Geilert

Осудата е секако сосем оправдана. Но, проблемот е во тоа што овие реакции тешко дека го рефлектираат тоа колку пресметаното разочарување во меѓувреме стана дел од десничарската стратегија: во изминатите години провокаторите многупати ја употребија оваа герила стратегија. Резултатот гласи: јавноста се навикнува на ваквите инциденти, а брзата критика од политиката станува нешто вообичаено.

На крајот на краишта сѐ уште не се случила голема катастрофа. Напротив, наративот на десничарите сѐ повеќе успешно се пробива во општеството. Мотото гласи: „Политичарите треба подобро да се справат со реалните проблеми на луѓето.“

Повеќе:

Кој е лекот против десниот радикализам?

Зошто истокот на Германија е толку десничарски ориентиран?

„Добредојдовте“ во нацистичко село!

Оваа маскирна-тактика на десничарските промотори на омраза е толку успешна што им овозможи да се протнат и на корона-протести без тоа да биде премногу нападно. Дури и кога мнозинството од демонстрантите не се нивни поддржувачи, ниту истомисленици, преку оваа пресметана самотривијализација тие успееваат да ги турнат границите на она што може да се каже во нивна насока.

Опасно потценување

Каде одат непријателите на демократијата со овој план? Нивната цел е расистичко и етничко општество кое не е демократско, а со тоа нема ниту слобода на медиуми. Се важи само нивното мислење. Мигрантите и оние кои мислат поинаку нема да бидат добредојдени во вакво општество. Во Европа одамна има примери на ваква политика: во Полска и Унгарија непријателите на отворено општество владеат со години.

И во Германија противниците на отворено општество напредуваат во последниве години. Во саботата тие беа сопрени од полицијата на влезот на германскиот парламент – но многу помоќните гласови на нивната мизантропска политика одамна се слушаат од другата страна на вратата.

Бидејќи во германскиот парламент уште од 2017 година, како најголема опозициска партија, седи и провоцира, делумно десно екстремистичката партија „Алтернатива за Германија“. Константно непријателски настроени кон муслиманите, мигрантите, политичките противници, црквите и социјалните институции, нивните пратеници сѐ повеќе ги поткопуваат принципите на германскиот либерален устав.

Тоа е вистинската закана од ваквите акции пред Рајхстагот: тоа што народот го потценува нивното големо влијание и опасните последици. Не денес или утре. Туку за денот потоа.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми