1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опасниот вирус на птичјиот грип и во Хрватска

26 октомври 2005

Нов аларм во Европската Унија. Брисел потврди дека во Хрватска е откриен вирусот на птичјиот грип што е опасен и за луѓето. Европските експерти веднаш повикаа на заедничка акција за спречување на можна пандемија од грипот.

Фотографија: AP

Британските експерти од лабораторијата во Вејбриџ го откриле опасниот вирус кај 6 од 12-те лебеди што беа пронајдени во близина на местото Ораховице, во источниот дел од Хрватска и што беа испратени на натамошно испитување.

,, Резултатите не не иѕненадија, туку напротив, беа очекувани. Тоа е високопатогениот вирус х5н1,, изјави во Загреб претставникот на здравствените власти Владимир Савиќ.

Властите во Хрватска уште еднаш ги предупредија сите одгледувачи на живина задолжително да ги држат птиците на затворено за да се спречи евентуално ширење на вирусот од дивите на домашните птици. Во радиус од 3 километри од рибникот каде минатата недела беа откриени мртвите лебеди, уништени се околу 17 илјади птици. Слична операција е направена и кај местото Нашице, каде претходно беа пронајдени мртви птици.

Европската Унија уште во вторникот,кога сомнителните примероци беа испратени на испитување, забрани увоз на живина од Хрватска. Во меѓувреме, европската агенција за заштита на храната со седиште во Рим, нагласи дека луѓето не треба да се плашат доколку јадат птичјо месо или јајца. ,, Досега не е утвредено дека опасниот вирус може да се пренесе преку конзумирање на храна, соопшти претставник на агенцијата.

Но луѓето веќе почнаа да ги менуваат навиките на исхрана. Такви извештаи стигнаа од Хрватска, која е трета земја на европска територија, по Романија и Турција, каде се констатира присуство на птичјиот грип. Кај сомнителните случаи од Германија, односно мртвите птици што беа пројандени во градовите Падеборн, Гетинген и Нојвид, не е констатиран вирусот на птичјиот грип, соопштија експертите од Берлин. Сепак, како мерка на претпазливост, од почетокот на неделата во Германија важи забраната за држење на живината на отворено.

Во меѓувреме, алармот се вклучи и во Азија, бидејќи нови случаи на опасниот вирус вчера пријави и Кина. Земјата ги иѕвести меѓународните институции дека вирусот Х5 н1 е откриен во провинцијата Хумана, каде се убиени над 2000 птици. Кинеските власти соопштија дека жариштето е под контрола и дека се врши вакцинација и дезинфекција во заразените подрачја во земјата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми